Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за следната година најавуваме нови проекти за градот

November 9, 2024
1 min read

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес. 

Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во реконструираниот влез во градот, дел од регионалниот пат Р1312. 

„Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани оваа година 1.100.000 евра. Се работи за три улици, кои што се во тек на реконструкција, или се веќе реконструирани. Исто така преку одлуката на Влада за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори кои што се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда, која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови. Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти. Честитам 80 години слободен Велес и тие идеали на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија да продолжиме да ги градиме во 21 век”, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ТОНИ ТОД, ЅВЕЗДАТА НА ХОРОРОТ „КЕНДИМЕН“

Следно

Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме

Latest from Blog

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на
Go toTop