Тошковски во офанзива против трулите јаболка во полицијата – Според Ѓурчески, Спасовски ја претворил внатрешна контрола во монструм сектор

November 9, 2024
1 min read

На трулите јаболка, како што ги нарече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во системот на МВР, им се поднесуваат кривични пријави согласно доказите од истрагите кои се водат во Министерството.

Тошковски, во гостување во Алфа телевизија, истакна дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството, е еден од секторите кои макотрпно работат и даваат одлични резултати споредено со претходно.

-Полека полека се шири перцепцијата дека не може да се злоупотребува значката и полициските овластувања и тоа е добро. Значи се движиме во правилна насока од тој аспект, изјави Тошковски.

Во изјава за Курир, експертот за криминалистика и поранешен началник во МВР Љубомир Ѓурчески, ги анализираше состојбите во Секторот и последните спроведени акции, во кои од другата страна на законите се најдоа и поранешни полициски службеници.

Смета дека корупцијата во изминатите седум години го разградила МВР, а криминалци биле поставувани на функции.

-Во 2017 година Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди се претвори во монструм сектор. Имаше постојан притисок врз полициските службеници. Криминалците се жалеа, огромен број на пријави, полицајците се плашеа. Спасовски го направи СВКПС плашило кон полициските службеници да не применуваат овластувања согласно законот, вели Ѓурчески.

Потсетува и на случајот со „пајакот“ и полициската службеничка, додавајќи дека тогаш СВКПС наместо да ја заштити полицајката, го ослободи криминалецот. Екс началникот вели дека политиката во никој случај не треба да се става над законите.

Ѓурчески го повтори неговиот став дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди треба да се расформира, да се постави цивилна контрола врз силата, да се вклучат и граѓаните, новинарите. По однос на МВР, нагласува дека потребни се и суштински реформи, како и поставување на соодветно обучени кадри со соодветно образование и стручност. Верува дека новиот министер ќе работи кон подобрување на состојбите во министерството.

-Очекувам реално да ја вратат професионализацијата во МВР и довербата на граѓаните во институцијата. Дојдено е време, мора нешто да се прави, да се подобрат состојбите. Вака не оди веќе, ако сакаме да бидеме држава, вели тој.

Ѓурчески очекува дека истрагите ќе продолжат во иднина. Смета дека во моментот, истражните органи работат внимателно, а министерот во јавните настапи ја штити истрагата.

Поранешниот началник напомена и дека важна улога во овие случаи има и обвинителството, а институцијата треба да покаже дека не е неефикасна како во минатото.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Следно

Скопје на седмо место по загаденост во светот

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop