Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се зголеми на 223

November 8, 2024
1 min read

ОВИЕДО (АА) – Потврдениот биланс на загинати во минатонеделните поплави во Шпанија се зголеми на 223, објави во петокот шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте, известува Анадолу.

Сѐ уште за исчезнати се водат 78 лица, а пронајдените 48 тела допрва треба да се идентификуваат, објави шпанскиот министер за транспорт Пуенте на социјалната платформа Х.

Обилните дождови и поплави, кои на 29 октомври го претворија истокот и југот на Шпанија, особено Валенсија, во зона на катастрофа, овојпат ја погодија и Жирона.

Поплавата предизвикана од силниот дожд што синоќа започна во градот Кадакес во провинцијата Жирона на североистокот на Шпанија оштети најмалку 32 возила.

Во изјава за Радио Каталонија, градоначалничката на Кадакес, Пиа Серињана, изјави дека силниот дожд кој траел два-три часа, предизвикал сериозни штети.

Во меѓувреме, продолжува потрагата по 78 лица, кои се прогласени за исчезнати во Валенсија.

Надлежните соопштија дека продолжува идентификацијата на загинатите, информирајќи дека повеќе од 100 тела им се предадени на нивните семејства.

Повеќе од 17.000 полицајци, припадници на жандармеријата и војници продолжуваат да работат во регионот, барајќи тела во калта високи до два метри и на подземните паркинзи покриени со вода.

Во Шпанија, каде се води политичка дебата за поплавите, се бараат виновниците за големиот број загинати. Се смета дека автономната влада на Валенсија многу доцна на мобилните телефони испратила порака за предупредување од поплави.

Според прогнозите на Државната метеоролошка агенција, најавено е дека обилни врнежи и невреме се очекуваат на североистокот на Каталонија и во градот Кадиз, на југозападниот дел на Шпанија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Професорката Проева ќе биде погребана в недела, на гробиштата Бутел

Следно

Директорот на БЈБ Александар Јанев за Би-Би-Си: Македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции со Интерпол

Latest from Blog

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за

Меџити на конференција „Жената и семејството“: Жените се двигател на демократијата

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Поддршка за инвестиции од дијаспората: Меџити се сретна со претставници на МК25

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со претставници на МК25, на која разговараше за економскиот развој, инвестициите и зајакнувањето на врските со дијаспората. На средбата присуствуваа Мајк Зафировски, Никица
Go toTop