Николоски: По промената на власта Еди Рама може само да сонува да се меша во Македонија, тој филм во кој тој одлучува кој прави влада во Македонија веќе нема да го гледа

February 16, 2023
1 min read

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата “Заспиј ако можеш“ ги прокоментира информациите дека владата во Македонија била создавана под влијание на албански и косовски политичари и истакна дека во нормални услови ова е мешање во внатрешните работи во државата.

-За жал ова во овие услови тоа не може да се дефинира како класично мешање во внатрешните работи на Република Македонија, од проста причина што мешањето е на барање на премиерот. Интервенцијата и на Еди Рама и на семејството на Јашари, било на барања и на тогашниот и на барање на идниот премиер. Значи Зоран Заев и Димитар Ковачевски се јавувале кај Еди Рама да го молат да се јавува кај албанските политички партии во Македонија се со цел тие да ја поддржат владата на СДСМ и таа влада да не падне. Истото го правеле и во Косово, што значи дека толку ја понижија македонската држава и македонскиот народ, што самите бараат да има мешање во внатрешните работи на Македонија, посочи Николоски.

Тој истакна дека на следните парламентарни избори потребна е масовна, референдумска поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да нема уцени од никого.

-Кога ќе се промени власта Еди Рама ќе може да сонува да се меша во Македонија и да составува влада. Тој филм после промената на власта, ни Рама, ни некој од Косово, ни било кој од соседството, нема да го гледа. Не планираме ни ние да им се мешаме на нив, но исто така нема да дозволиме да ни се мешаат во внатрешните работи, заклучи Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма во Мармарис: Полицијата фати инвеститор од Кахраманмараш кој се обидел да бега со чамец

Следно

Поднесени обвиненија за трговија со дрога во Скопје

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop