Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

September 24, 2026
2 mins read
24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат и дека буџетскиот дефицит, растот на БДП и задолжувањата ќе се одвиваат согласно проектираното во Ребалансот на Буџетот.
„До крајот на годината не очекуваме позначајни промени и остануваме на проекцијата што ја имавме особено имајќи предвид дека стапката на раст во вториот квартал е 4,3%. Владата во измиантите две години многу посветено и напорно работеше на економијата и мислам дека сето тоа сега дава на некој начин резулати. И во однос на буџетскиот дефицит тоа што ни е проектирано, тоа ќе остане, без оглед на тоа дали ние ќе правиме ребаланс или нема да правиме ребаланс. Доколку се одлучиме и правиме ребаланс на буџетот во истовреме ќе работиме на кратење и на приходна и на расходна страна. Доколку останеме на истата состојба како сега повторно кажувам дека дефицитот нема да оди надвор од предвидено, во истовреме и задолжувањето бидејќи и тоа е дел од Ребалансот, којшто поминал во Собрание и тоа да кажеме се некои рамки во коишто Министерството за финансии мора да се движи“, истакна министерката за финансии во интервју за Македонската телевизија во Њујорк.
Потенцира дека се следат будно состојбите и дека се реагира согласно случувањата на глобално ниво.
„Ги следиме состојбите и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Ние во Министерството за финансии минатата недела имавме состанок со Управата за јавни приходи и Царинската управа во насока на тоа да видиме кои се нашите очекувања согласно состојбите, какви се очекувањата до крајот на годината, како се полни Буџетот и она што може заеднички да го кажеме е во рамките на планиранот,  освен кај акцизата заради мерките“, наведе министерката.
Министерката, којашто во Њујорк учествуваше на работната сесија
„Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, посочи дека мерките што се преземени како одговор на кризата се соодветни и дека имаат влијание на Буџетот.
„Она што е очигледно дека најмногу имаме влијание кај акцизата и таму се и мерките најголем период фокусирани, но од друга страна може да потвдиме дека Македонија е една од земјите коишто навистина има највисока стапка на раст и најстабилна и една од пониските инфалции, што јасно покажува дека мерките биле навистина насочени таму каде што треба. Морам да кажам дека низ целата дискусија постојано проверуваше фактот дека ние треба да се фокусираме на долгорочен раст кој се заснова на продуктивност. За да имате добра продуктивност во исто време треба да имате што е можно поевтини параметри или суровини. На некој начин и енергетските суровини се тие што треба да одржат пониски цени за да имаме поголема конкуретност. Така што би рекла дека сме во добра насока, но неизвесноста останува и натаму, а ќе се прилагодуваме согласно состојбите на светско ниво, бидејќи тоа не зависи од нас“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
 
Линк до интервјуто на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска: https://play.mrt.com.mk/play/597393

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СВЕТОТ ЧЕКА ШТО ЌЕ ДОГОВОРАТ ДВАЈЦАТА ЛИДЕРИ – Воени авиони и црвен тепих за Шји

Следно

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop