Мицкоски оптимист за иднината на земјава во ЕУ, од Брисел порака дека европскиот пат зависи од уставните измени

November 8, 2024
4 mins read

Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Во исто време од Брисел, кандидатката за нова еврокомесарка за проширување Марта Кос нагласи дека очекува земјава да го промени Уставот како што вети, за да може да продолжи на својот европски пат.

Мицкоски од Будимпешта изрази оптимизам за иднината на земјата, нагласувајќи дека се бориме за нашите аргументи и за „вистината која е не заобиколива“.

– Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, изјави Мицкоски. Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил продуктивна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, со кој, како што кажа, отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски истакна дека за време на средбите што ги имал на маргините на Самитот во Будимпешта, ги презентирал нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина и нашите економски цели, како и „начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и ги презентирал и „нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат“.

– Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна, европска приказна. Нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, уште повеќе сум оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски.

Кос, пак, при вчерашното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), порача дека ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, нагласувајќи дека билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот на една земја кон Брисел.

– Очекуваме земјата кандидат Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос, додавајќи дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидатите за членство.

Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.

– Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот алкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Будимпешта повика ЕУ да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан и да донесе стратешки одлуки за процесот за проширувањето, нагласувајќи дека приемот на Романија, Бугарија и некои други земји во ЕУ бил политичка одлука.

– Тоа беше политичка одлука донесена од ЕУ во време кога имаше стратешки одлуки и луѓе кои размислуваа стратешки, рече Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама, исто така од Будимпешта порача дека Албанија е решена секој ден да се бори за своето членство во ЕУ и оти направила значајни чекори напред во преговорите за членство, изразувајќи уверување оти земјата во оваа деценија може да стане дел од Европската Унија заедно со другите држави од регионот.

– Албанија дефинитивно и припаѓа на Европа. Овој пат имаше силен притисок од унгарското претседателство, што придонесе за забрзување на процесот на интеграција, изјави Рама.

Според него, Западниот Балкан мора да биде обединет со ЕУ и да стане непопустлив на надворешни злонамерни влијанија.

– До пред многу години разговорот со ЕУ беше незамислив, а денес успеавме да направиме големи чекори напред, додаде Рама.

Инаку, главни теми на вчерашниот Самит на Европската политичка заедница беа безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и можностите континентот да преземе поголема одговорност за своите безбедност и мир, да биде поуспешен во остварувањето на сопствените интереси и да стане решавачки фактор во настани кои влијаат на неговата иднина.

Според домаќинот на собирот Орбан овие прашања стануваат особено актуелни по претседателските избори во САД на кои победи Доналд Трамп.

– Трансатлантските односи се незаменлива компонента на европската безбедносна архитектура. Одговорите дадени сега би можеле да влијаат на иднината на Европа со децении. Заедно можеме да бидеме посилни отколку сами, порача Орбан.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека во сегашните услови Европа мора да ги зајакне своите одбранбени капацитети, да преземе одговорност и да работи на надминување на предизвиците. – Иднината на Европа е во наши раце и мора да дејствуваме сега, рече Лајен.

Според неа, Европа покажала дека може да преземе одговорност ако биде единствена, како во случаите со надминувањето на економските последици на Ковид пандемијата и во справувањето со енергетска криза предизвикана од руската агресија врз Украина.

Сега ни е важно да го отвориме патот напред, истакна Фон дер Лајен.

Рама, кој ќе биде домаќин на следниот Самит на Европската политичка заедница, оцени дека победата на Трамп во САД не треба да предизвикува загриженост и дека европските лидери треба да размислуваат и да направат многу повеќе за да се обезбеди посилна Европа.

– Сметам дека се крена многу врева, можеби не на вистински начин, за неговото можно враќање. Искуството ми кажува дека кога тој беше претседател и сите велеа дека НАТО ќе стане послаб, НАТО стана посилен. Па да видиме и да не се хистеризираме пред да ја видиме реалноста. Мислам дека ова не мора да биде лошо за Европа, може да биде подобро за Европа. Неговиот избор може да биде одлична можност за Европа, заклучи Рама.

Овој формат е замислен како платформа за политичка координација и не претставува замена за ниту една постоечка организација, структура или процес и во оваа фаза нема намера да прерасне во нова организација, структура или процес.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познати се групите за завршниот АТП Мастерс во Торино

Следно

Презентација на Реформската агенда на Владата (2024-2027) во Собрание

Latest from Blog

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на ребрендирањето на Атлетскиот клуб „Олимп“, настан кој беше оценет како историски момент за битолската и македонската атлетика.

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф
Go toTop