СЛАВНИОТ ПИЈАНИСТ ИВО ПОГОРЕЛИЌ НА 22 АПРИЛ СО КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

February 16, 2023
1 min read

Легендарниот хрватски пијанист со светска кариера Иво Погорелиќ (65) на 22 април ќе има концерт во Филхармонијата во Скопје, соопшти Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).

„Легендарниот пијанист ја обележа класичната музичка сцена на нашето време. Уникатниот музички талент и иновативниот пристап го сместија меѓу најоригиналните музички умови на денешницата. Благодарение на бескомпромисните уметнички критериуми и посветената потрага по идеалот на музичкото изразување, Погорелиќ во повеќе од четири децении музицирање, оствари автентични достигнувања, ценети и од публиката и од критиката, додека неговите концерти ширум светот добија статус на култни настани“, вели СОКОМ.

Роден е во Белград во 1958, од мајка Србинка и татко Хрват, а по распадот на Југославија, добил хрватско државјанство. Познат по неговите извонредни интерпретации кои му донесоа голем број следбеници, пофалби и критики од музичките експерти, Погорелиќ го привлече вниманието на пошироката музичка јавност во 1980  како лауреат на престижниот 14. Меѓународен натпревар за пијано во Монтреал, каде во финалето се претстави со спектакуларна изведба на третиот Концерт за пијано на Сергеј Прокофјев.

Истата година, Погорелиќ учествувал и на 10. Меѓународен натпревар по пијано „Фредерик Шопен“ во Варшава, каде од причини кои никогаш не биле целосно обелоденети, бил елиминиран пред последната рунда. Оваа контроверзна и неоснована одлука резултираше со незадоволство кај одредени членови на жирито, кои го напуштија натпреварот во знак на протест, меѓу кои и пијанистката Марта Аргерич, која ја објасни својата одлука за заминување прогласувајќи го Погорелиќ за гениј. Овој настан, како ниеден друг во историјата на музичките натпревари, одекна низ светската музичка јавност, која го сметаше Погорелиќ за вистински победник на овој натпревар.

Негувајќи го култниот статус на уметникот, во 2006 , „Дојче грамофон“ објави двојно цеде со изведбите на Погорелиќ, насловено „Генијалецот Погорелиќ“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува со работа првата градинка во Усје, родителите да аплицираат

Следно

„Ворнер брос.“ донира милион долари за погодените од земјотресот во Туркије

Latest from Blog

Крстиќ: Современи здравствени услуги поблиску до граѓаните на Битола

Заменик градоначалничката на Општина Битола, Марина Крстиќ, заедно со заменик министерот за здравство Јовица Андоновски, присуствуваше на пуштањето во употреба на нова здравствена услуга во Хоспис „Сју Рајдер“ – Битола. Станува збор

САД повторно нападнаа цели во Иран

Американската војска започна нови напади врз Иран, насочени кон локации за кои американските претставници веруваат дека претставуваат закана за американските сили и комерцијалниот бродоградба во Ормутскиот теснец, потврди за Ројтерс неименуван американски

Нов инцидент: Кинеската војска распоредила поморски и воздухопловни сили

Пекинг тврди дека хеликоптери од бродот го нарушиле кинескиот воздушен простор над островите Парасел. Кинеската војска соопшти дека распоредила поморски и воздухопловни сили за да ја потисне холандската фрегата, која ја обвинува

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале
Go toTop