ССМ им порача на газдите дека и саботата е неработен ден доколку работникот работел од понеделник до петок

November 7, 2024
2 mins read

Работодавачите повторно го тестираат расположението на Владата за стеснување на опфатот на неработната недела, а со тоа им го „дигаат“ притисокот на синдикалците околу кратењето на ова тешко стекнато право. Најновиот обид доаѓа од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), кои ова барање го образложија пред премиерот Христијан Мицкоски.

-Бараме големи измени во Законот за работни односи. Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време – рече Анета Антова Пешева, претседателка на МАСИТ. Ваквиот предлог доби жесток одговор од граѓанската активистка Кристина Ампева, која по којзнае кој пат повтори дека „додека е жива и здрава, никој нема да го бутне законот за кој се изборила да се донесе и да функционира“.

-Претседателката на вработените од ИТ секторот пред премиерот се заложила да се укине неделаТА неработен ден, а младите ќе се врателе назад во Македонија. Оти младите сакаат да работат од понеделник до недела. Оти младите немаат живот, треба да работат од утро до мрак за вашите одмори, вили и луксузи. Зошто давате вакви изјави, па потоа некој друг ви е крив што народот избега по белиот свет? Зброувајте за зголемување на продуктивноста, за модернизација, автоматизација, инвестиции, лојална конкуренција, борба против сива економија, покачени плати и подобрени услови за работа. Наместо да зборувате за синдикалното организирање, вие ќе ја правите неделата работен ден! Додека сум јас жива и здрава, нема никој да бутка закон за кој сум се изборила да го донесам и функционира – реагираше Ампева на Фејсбук.

Пред три месеци, сличниот обид на Стопанската комора на Македонија, синдикатите и граѓанските здруженија го дочекаа „на нож“. Тие се заканија и со протести, а од ССМ им порачаа на газдите дека и саботата е неработен ден доколку работникот работел од понеделник до петок полно работно време (8 часа дневно). Премиерот Мицкоски и тогаш, но и по најновиот обид на МАСИТ, не даде конкретен одговор кој е неговиот став по однос на барањето на Комората за разгледување на Законот за недела – неработен ден, но рече дека стои на располагање за дијалог.

-Стоиме на располагање за дијалог со Синдикатот, ќе разговараме со синдикалните организации, но мора да водиме сметка за иднината на државата, тоа е она што е многу важно. Ако немаме здрава економија, ќе немаме ни вработени. Мора низ дијалог заедно да седнеме и да направиме еден систем што ќе функционира и во иднина – истакна тогаш Мицкоски во СКСМ.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во неколку наврати потенцира дека ССМ преку протести и штрајкови и преку социјален дијалог со Организација на работодавачи на Македонија и Владата го утврди правото недела да биде неработен ден за повеќе од 80 проценти од работниците, со право на додаток на плата за работниците што работат во исклучоците каде што работниот процес не може да се прекине.

Неделата како неработен ден стапи на сила од 1 јануари 2022 година, а законските измени беа изгласани во Собранието на 20 декември 2021. Исклучок има за оние работни места каде не може да се прекине работниот процес.

Неработната недела за поголемиот дел од вработените во Европа, но и во регионот стана реалност, а ја воведоа и многу европски земји. По Македонија и Црна Гора, и во Хрватска стапи на сила Законот за трговија, според кој недела е неработен ден за трговците, но со неколку исклучоци. Официјалниот став на Владата на Србија во однос на спроведувањето на неработната недела за трговците е познат од поодамна и дека тоа не е „добра идеја за растот и напредокот на земјата“. Сега и во БИХ ќе се носи таковг закон. За разлика од Западен Балкан, списокот на земји од ЕУ кои имаат ограничена неделна работа е многу подолг. Австрија беше меѓу првите што го стори тоа, а на списокот се и Белгија, Кипар, Чешка, Франција и Германија. Италија планира да воведе забрана, но таа во моментов е под знак прашалник откако економистите пресметаа дека таквата одлука може да ја чини земјата повеќе од десет милијарди евра.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Реална анкета од ИПИС, наспроти фиктивна анкета лиферувана од Филипче – КУРИР со прашања, СДСМ со молк

Следно

Во сабота повторно се отвора Зоолошката градина во Скопје

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop