ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го изложија државниот буџет на дополнителни трошоци и ја ставија на ризик довербата во институциите откако ЕК откри криминал

November 7, 2024
1 min read

Изминатите 7 години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа скандали, економиски неуспеси и договарање на тендери во четири очи. Наместо креирање на политики за подобрување на економијата и раст на животниот стандард на граѓаните, секојдневно на виделина излегуваат низа компромитирачки и неуспешни политики на СДС и ДУИ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој пат според извештајот на ДЗР за 2023година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени многу нерегуларности. По контрола на ОЛАФ, поради злоупотреба со ИПА средства, средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата. Во Извештајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата, се наведува во партиското соопштение.

„Парите кои се исплатени за злоупотребата кон ЕК, а СДС и ДУИ не успеале да ги наплатат од правното лице се доказ за неуспешноста и несериозноста на СДС и ДУИ кон државните ресурси и европските средства“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со самото тоа СДС и ДУИ и нанесоа сериозна финансиска штета на Македонија и буџетот. Штетите од владеењето на СДС и ДУИ се огромни, а јавноста допрва ќе има можност тоа да го види, се наведува во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата смета дека сега не треба да се трошат пари за избори, опозицијата подготвена за предвремени избори

Следно

САД: Харис ги повика поддржувачите да ги прифатат изборните резултати, вети мирен трансфер на власта

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop