Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот

November 6, 2024
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска присуствуваше и ја отвори годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.

Меџити во своето обраќање ја истакна важноста на Зелената агенда за Западен Балкан како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот.

„Со ваквата трансформација, ефикасноста на ресурсите, заштитата на природата и климатската акција ќе се постават во центарот на сите економски активности и предизвиците ќе се претворат во можности“, изјави Меџити, додавајќи дека кластерот 4 се однесува на Зелената агенда и одржливата мобилност, и како таков, овозможува директнен увид во поврзаноста помеѓу секторите, особено секторот енергетика, транспорт и животната средина, каде е опфатено законодавството од секторите врз кои секторот енергетика има директно влијание – квалитетот на воздухот и биодиверзитетот, водните ресурси.

Првиот вицепремиер информираше дека во однос на придонесот по мерки, најголемо учество во бројот на нови домашни зелени работни места имаат доградба на постоечки станбени згради со 42%, изградба на пасивни куќи 21%, обновливи извори на енергија без стимулации 6% и соларни термални колектори 8%.

„Употребата на обновлива енергија создава работни места во производството, инсталацијата и одржувањето, поттикнувајќи го економскиот раст и иновациите во енергетската област. Дополнително, со диверзификација на изворите на енергија, обновливите извори ги прават енергетските системи помалку зависни од увезените фосилни горива, со што се подобрува енергетската безбедност“, додаде Меџити.

Меџити на годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС изрази поддршка на интервенциите во примената на обновливите извори на енергија, условена со ненарушување на животната средина и природата.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото

Следно

Украле 300 килограми грозје од туѓа нива

Latest from Blog

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна

Со што ќе се соочат македонските граѓани со бугарски пасоши ако Бугарија побара да се откажат од македонското државјанство?

Професорот Александар Спасов, Правниот факултет при УКИМ Скопје, во интервју на ТВ 24 објаснува што би се случило доколку Бугарија побара од македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство да се откажат

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и
Go toTop