Полицијата во Нови Сад професионално реагираше, идентификувани 12 лица, осум приведени

November 6, 2024
1 min read

Од Министертвото за внатрешни работи изјавија дека синоќешниот собир во Нови Сад не бил пријавен, имаше обид за насилно упад во Градското собрание, а полицијата реагираше крајно воздржано и професионално, идентификувани се 12 лица, од кои осум се задржани, јави дописникот на МИА.

Помошник директорот на полицијата, полковник Драган Васиљевиќ изјави за РТС да полицијата дознала за собирот во вторникот вечерта преку објави на социјалните мрежи.

-Собирот започна околу 18 часот, но беше индикативно присуството на цистерната која подоцна ќе биде донесена пред Градското собрание. Од цистерната таму е излеана течност, а точниот тип на течност ќе го утврдат вештаците. Започнато е и насилничкото однесување пред Градското собрание, фрлање на камења, стаклата беа искршени. Фрлени се и бои и факели, а уништена е и фасадата. Во неколку наврати, виновниците се обидоа насилно да влезат во Градското собрание. Полицијата остана присебна и не реагираше, изјави за РТС помошникот директор на полицијата.

Тој додаде дека во текот на ноќта биле идентификувани 12 лица кои предизвикаа немири на протестот во Нови Сад, наведувајќи дека осуммина се приведени и дека се работи за голем број кривични дела, дека во текот на утрото и во текот ќе бидат идентификувани сите лице кои предизвикуваа нереди на протестот.

Полковник Васиљевиќ потврди дека поранешниот покраински секретар и потпретседател на покраинската влада на Војводина Горан Јешиќ е уапсен затоа што напаѓал полицајци и ги попречувал во извршувањето на службената должност, и дека против него ќе биде покренета кривична одговорност.

Тој додаде и дека поранешниот судија на Уставниот суд, Светозар Чиплиќ, е идентификуван како лицето кое имало чекан во јакната и дека полицијата ќе види кои биле неговите намери.

Според Васиљевиќ, полицијата на протестот употребила минимални средства за присилба, бибер спреј и солзавец и останала максимално воздржана.

-Видовте како изгледа Градското собрание, фрлена боја, искршени прозорци, симнато знамето на Србија, демолирано градилиште во близина, а насилниците користеа решетки. Полицијата реагираше крајно професионално во изведбата на нивните задачите во Нови Сад, искористени се минимални ресурси. Прскалките беа употребени за одбивање на луѓето што ги нападнаа, а беше употребен и солзавец. Немаше посериозни повреди, полесно се повредени полицајци и двајца граѓани, рече Васиљевиќ.

Помошникот на полицискиот директор, полковник Драган Васиљевиќ, рече и дека полицијата ќе си ја заврши работата и дека сите демонстранти ќе бидат идентификувани и приведени.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ, изборите се внатрешна работа на САД

Следно

Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да

Nusret Haliti zgjidhet drejtor i AKE-së në Maqedoni

Inxhinieri i elektroteknikës Nusret Haliti nga Tetova është zgjedhur drejtor i ri i Agjencisë për Komunikime Elektronike (AKE), një prej institucioneve kryesore rregulluese në vend. Haliti do të jetë pasardhës i Jeton
Go toTop