Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

November 6, 2024
2 mins read

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски држави, а со тоа следи и еден нов период во светот.

Иако ова беше многу динамична предизборна кампања која ја следеа многу контраверзни работи, како и два обиди за атентат врз Доналд Трамп, на крајот Американците го кажаа своето на избори.

Но, овие избори не пробудија интерес само кај Американците, туку во целиот свет, па и во Македонија, бидејќи САД е најзначјниот стратешки партнер на земјва, па оттука нивната поддршка е значајна за нас Македонците.

Пред неполни пет месеци промена на власта се случи и во Македонија, Христијан Мицкоски е нов премиер, а меѓу првите средби на актуелниот македонски премиер беше во Вашингтон со еден од најблиските луѓе на Доналд Трамп, Ричард Гренел.

Тогаш американските медиуми пишуваа дека Гренел се смета за претендент за висока позиција во администрацијата на САД доколу на претседателските избори победи Доналд Трамп.

Првата средба со Ричард Гренел и Мицкоски беше на 8-ми јули во Вашингтон, на која исто така беа и министрите за одбрана и надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

Но брзо после првата следеше и втора средба, во кабинетот на македонскиот премиер. Тогаш владата преку соопштение информираше за оваа средба со Ричард Гренел.

Во соопштението се велеше дека на средбата се дискутирало за актуелните случувања во Западен Балкан, а било истакнато значењето на одржувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа.

На оваа средба како што информираа од владата, посебен акцент бил ставен на односите на САД и Македонија, како и на можноста за нивно дополнително зајакнување. На средбата биле анализирани и можностите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Според владиното соопштение, била разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“ кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата.

Но, Мицкоски исто така имаше средба и со други блиски луѓе на Доналд Трамп, Крис Павловски кој е Американец со македонски потекло како и основач и извршен директор на интернационалната компанија „Рамбл“ (Rumble), Давид Нунес поранешен конгресмен на Калифорнија, сега извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија и Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски коорпорации во САД – Кантор Фицџералд (Cantor Fitzgerald) , која има годишен обрт од десетици милијарди долари, а е во делот на дигиталната трансформација.

Станува збор за корпорации со десетици милијарди долари годишен обрт. Крис Павловски е со македонско потекло, тој работи заедно со тимот на господинот Трамп во делот на развивање на Rumble која е многу важна во процесот на дигитализација, а луѓето кои беа тука господинот Хауард и господинот Нунес се двајца кои се од кругот на најблиските соработници на екс претседателот на САД, Доналд Трамп и тоа се луѓе со големо корпоративно и политичко искуство во делот на дигитална трансформација“, рече премиерот Мицкоски говорејќи за денешната средба со претставници на компанијата Rumble, финансиската корпорација Cantor Fitzgerald од САД и Трамп корпорација.

Премиерот Мицкоски говорејќи за можностите, посочи дека и претходно се зборувало за идејата „дигитален денар“, да видиме како можеме да се развива таа идеја, дали може заедно со блокчејн технологија да направи нешто во кое ќе се обезбеди поголеми приходи за граѓаните и државниот буџет.

Јас сум горд и задоволен што овие луѓе се тука и со тимови на владата ќе разговараат поделени во два дела, првиот е економски и тука пред се мислам на новите блокчејн технологии, на криптовалутите и можностите како „дигиталниот денар“, и второто е да видиме за дигитализацијата и дигиталната трансформација за сите овие процедури кои ги зборуваме полесно и потранспарентно да ги завршуваме. Станува збор за компании со приходи од десетици милијарди, а господинот Хауард Лутник е практично човек кој во моментот е еден од најважните 10 фактори на светскиот финансиски пазар и ние го имавме во Македонија, нагласи Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ако овој тип на инвеститори ги имаме тука со инвестиција, ќе значи препорака за многу компании, бидејќи истите соработуваат со финансиски инвестиции со трилиони долари.

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Пожар во историскиот Безистен во Струга, десетици пожарникари на терен

Следно

Ердоган: „Ќе работиме со сите сили, наредниот период да го направиме Век на туркискиот свет“

Latest from Blog

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за

Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос ја оцени како одлична и многу конструктивна. На својот фб тој напиша дека ја информирал Кос, дека СДСМ останува целосно
Go toTop