14 пожари на отворено, два се уште активни

November 6, 2024
1 min read

Во последното деноноќие имало 14 пожари на отворен простор, од кои два се уште активни. Активни пожари има во општините Зелениково и Крушево.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот, што избувнал на 3 ноември 2024 година на букова шума во месноста „Белушки ледини“ над крушевското село Белушино, од вчера се уште е активен. Гори букова шума и сува трева. Во гаснењето на пожарот учествувале еден пожарникар со едно возило и четворица вработени од ПШС ,„Липа“ – Крушево.

– Поради непристапен терен, гаснењето е отежнато, бидејќи се оди пеш. Пожарот вчера бил проширен и екипите се повлекле поради мрак и поради тоа што не било безбедно движењето. Од утрово повторно се интервенира, стои во соопштението.

Вториот активен пожар е на територија на Општина Зелениково, кај подружницата „Кадина Река 1“ на ПШС „Караџица“ – Скопје, кај село Тисовица. Пожарот бил активен од 4 ноември 2024 година, а вчера го гаснеле двајца вработени. За противпожарни возила било пристапно до село Тисовица.

– Во 16:34 часот е добиена информација дека гори ниска густа шума и дека поради тоа не е пристапно за гасење. На терен имале две возила и шумари, но пожарот бил се уште активен. Oд БППЗ на Град Скопје е добиена информација дека на пожарот немаат интервенирано поради непристапен терен, информира ЦУК.

Во последното деноноќие целосно се изгаснати 12 пожари. Скопските пожарникари вчера попладне гаснеле запалена депонија во атарот на село Јурумлери и запалено ѓубре покрај улицата „Перо Наков“ во Општина Гази Баба. Изминатото деноноќие скопките пожарникари имале уште една помала интервенција.

Пожарникарите од ТППЕ Гевгелија вчера со две противпожарни возила гаснеле запалена ниска вегетација во село Миравци. Десет пожарникари со четири возила вчера гаснеле запалена ниска вегетација и шумски пожар во месноста викана „Блокотехно“ во околината на Гевгелија.

ТППЕ Струмица вчера гаснела запалено ѓубриште кај село Смолари во Општина Ново Село, а ТППЕ Велес во изминатото деноноќие имала една помала интервенција.

Пожарникарите од ТППЕ Кочани вчера гаснеле запалено стрниште во село Теранци во Општина Чешиново-Облешево, а ТППЕ Виница вчера гаснеле запалено стрниште во месноста викана „Виничко поле“ кај Виница. Опожарената површина изнесувала околу 0,3 хектари.

ТППЕ Гостивар вчера интервенирала на запалена ниска вегетација во селото Неготино. РЦУК Битола иинформира дека е изгаснат пожарот на месноста викана „Житошанец“ над село Белушино на растојание од околу 2 до 3 километри од постоечкиот пожар, каде горела букова шума.

Двајца пожарниакри со едно возило од ТППЕ Прилеп вчера гаснеле запалена мешана шума кај село Големо Родобил и запалена ниска вегетација кај стрелиштето „Леково“.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 1.619 повици на бројот за итни случаи 112.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп победи, Филипче загуби

Следно

Гори Безистенот во Струга

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop