Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ бара Судскиот совет да ја преиспита својата одлука

November 5, 2024
1 min read

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС. Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС? Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи, истакна Петрушевски.

Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството, додава Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ФОТО: Горан Весиќ ја поднесе оставката во српската Влада

Следно

Владата не одговара по кој основ месечно исплаќа 90.000 денари на приватни лица

Latest from Blog

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе

Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот,
Go toTop