Сабаленка: Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим

November 5, 2024
1 min read

Првиот светски рекет во женскиот тенис, Арина Сабаленка ги искажа своите импресии по вчерашната победа над Јасмин Паолини на завршниот турнир во Ријад.

Белорусинката ја победи Италијанката со 6:3 и 7:5 во меч што траеше еден час и 31 минута.

– Целиот меч беше тежок, не само крајот. Јасмин е одлична тенисерка, притискаше, одлично се движеше и одлично сервираше. Ова е важна победа за мене, среќна сум, особено од тоа како го спасив вториот сет кој ми се лизгаше низ прсти. Во тој момент се обидов да останам агресивна. Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим. Поминавме низ многу. Без тимска работа, не можете да достигнете толку големо ниво на тенис и да станете број еден во светот. Не сум само јас – правиме многу работа надвор од теренот што никој не ја гледа. Момците прават многу за мене, навистина го ценам тоа. Ме мотивираат да победам на овој терен и ја заслужуваат титулата најдобар тим во светот, изјави Сабаленка.

Трета година по ред белоруската тенисерка ќе игра во финалниот плејоф: во 2022 година стигна до финалето (загуби од Каролин Гарсија), а во 2023 година загуби од Ига Швјонтек во полуфиналето.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателски избори во САД: Американците избираат помеѓу Харис и Трамп

Следно

Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop