Продолжуваме да се бориме за раст и напредок на Битола – Коњановски се обрати по повод 80 години од ослободувањето на градот

November 5, 2024
1 min read

По повод Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, во Центарот за култура се одржа свечена академија на која беа доделени наградите. Градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање истакна значењето на денешниот ден и напредокот на градот во изминатата година. Тој потсети на жртвите и храброста на предците и на важноста на продолжување на нивното наследство преку развојот на Битола.

„Вечерва се потсетуваме на борбата и храброста на нашите предци, на направените жртви, но и на издржливоста на нашиот народ, во очекувањето на светлината на новата зора, исполнета со надеж и можности. Оние кои некогаш сонуваа за посветла иднина, презедоа акција за да го направат сонот – реалност. Наследството живее во нашата посветеност да ги поддржуваме вредностите на слободата, правдата и мирот. Наша должност е да се погрижиме нивните жртви никогаш да не се заборават, а лекциите од историјата да не водат во нашата потрага по подобро утре. Токму затоа, денес продолжуваме да се бориме со нашите интелектуални капацитети за понатамошен раст на Битола, нејзин развој и напредок во сите области, пред се преку активна вклученост на младите во сите области на делување“, изјави Коњановски.

Во текот на последните денови, од 26 октомври, се организирани бројни настани поврзани со спортот, културата и уметноста. Градоначалникот се пофали и со победата на фудбалскиот клуб „Пелистер“ над „Вардар“, како и со напредокот во инфраструктурата, кој е основа за економски развој.

Во текот на годината, локалната самоуправа реализираше важни инфраструктурни проекти кои ја подобрија животната средина и ја збогатија културно-туристичката понуда на Битола. Во таа насока, градот привлече нови инвеститори, меѓу кои и оние за Индустриската зона Жабени и трговскиот центар БЛИС.

Традиционално, по доделувањето на наградите, програмата беше збогатена со културно-уметнички настапи од локални уметници и културни друштва, кои ја прикажаа историјата и културната важност на Битола.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што носи носи новата Национална стратегија – вработувања на странци, раст од 4 отсто и праведни даноци

Следно

Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop