Уникатно научно дело за антидискриминација и антициганизмот, денеска ќе се промовира на Правен факултет

November 5, 2024
1 min read

Во бибилиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Антидискриминациско право“, коавторски труд на проф.д-р Лазар Јовевски, д-р Жанета Попоска и д-р Јулиус Ростас.

Овој учебник претставува уникатно дело, универзитетски учебник кој е прв од својот вид во државата и научните кругови во соседството, а ги обработува темите поврзани со антидискриминацијата и антициганизмот.

– Овој учебник е резултат на темелно истражување и интердисциплинарен пристап, кој нуди подлабоко разгледување на теоретските и практичните аспекти на борбата против дискриминацијата во различни општествени контексти, се наведува во соопштението од проф. д-р Лазар Јовевски, раководител на катедрата по трудово и социјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

На промоцијата, како што е најавено, ќе бидат присутни преставници од Владата на Р.С.Македонија, како и претставнции од дипломатскиот кор, академската заедница, правосудството и практиката и од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Непречен сообраќај по суви коловози на патиштата

Следно

Сончево со температури до 20 степени

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во
Go toTop