Федерална разузнавачка служба на Швајцарија објави дека ПКК спроведува тајни терористички активности во таа земја

November 3, 2024
1 min read

БЕРН (АА) – Швајцарската федерална служба за разузнавање објави дека терористичката организација ПКК тајно собира средства, спроведува пропаганда и организира кампови за обука на терористи во Швајцарија и во други земји, известува Анадолу.

Швајцарската федерална служба за разузнавање го објави најновиот извештај „Швајцарска безбедност 2024“ во кој меѓу другото се наведува дека терористичката организација ПКК продолжува со своите активности во Европа.

„ПКК тајно собира пари, води пропаганда и организира кампови за обука во Швајцарија, како и на други места“, се вели во извештајот.

Федерална служба во извештајот објави дека ПКК спроведува пропаганда на терористичката организација, особено врз младите и дека организацијата регрутира луѓе да се борат „против турската армија“.

Во извештај се вели и дека културните здруженија блиски до ПКК се обидуваат да привлечат новодојдени „курдски бегалци“ и да ги искористат за потребите на ПКК.

„ПКК повремено соработува со членови на насилни левичарски екстремистички групи“, се вели во извештајот, нагласувајќи дека се очекува продолжување на тајните активности на терористичката организација ПКК.

– Турските мисии и институции цел на ПКК

„Турските мисии и институции, како што се компании и верски објекти, се потенцијални цели на ПКК“, се наведува во извештајот.

Во извештајот се посочува и на фактот дека безбедносната ситуација во Швајцарија секоја година е сѐ полоша.

Федералната служба истакнува дека на сцената е опасен и менлив период поради транзицијата на глобалните односите на моќта од аспект на новиот поредок и дека не е јасно колку тоа ќе трае.

Во извештајот се наведува дека во Европа и нејзиното опкружување се појавило силно поларизирано окружување, со повеќекратни и истовремени кризи, како и вооружени конфликти.

За војната меѓу Русија и Украина, која трае од февруари 2022 година, се вели дека се претворила во „војна на исцрпување на која не ѝ се гледа крајот“.

Посочувајќи дека Русија е одлучна да ја продолжи војната, во извештајот се истакнува дека на Соединетите Американски Држави (САД) и Европа политички им станало потешко да ја обезбедат клучната помош што ѝ е потребна на Украина, што значи дека времето сега е на страната на Русија.

Се нагласува дека настаните во Газа, која е под израелски напад од 7 октомври 2023 година, предизвикале големи „шокови“ на Блискиот Исток.

– Руски разузнавачки служби

Во извештајот се истакнува дека најголемата шпионска закана за Швајцарија во моментов доаѓа од руските разузнавачки служби, а исто така се наведува дека постои голема закана и од кинеските разузнавачки служби.

Се нагласува дека многу служби одржуваат тајни бази во Швајцарија, познати како резиденции, и дека воглавно делуваат од дипломатски мисии.

Швајцарската федерална служба наведе дека терористичката закана во Швајцарија останува висока и станала уште поизразена во текот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Земјотресот кој што го погоди Халкидики, почувствуван во Македонија

Следно

Манчестер Сити понуди 150 милиони евра за Родриго

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на

Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо

Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од
Go toTop