БУГАРСКАТА ВОЈСКА ПО КОМАНДА НА ВИДОВИТИ ЛУЃЕ 2 ГОДИНИ КОПАЛА ТУНЕЛ ЗА КОНТАКТ СО ВОНЗЕМЈАНИ, ОД ТОА Е ИНСПИРИРАН И ФИЛМОТ „ТРИУМФ“

November 3, 2024
2 mins read

(Од Солун за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова)

Бугарската војска од 1990 до 1992 копала тунел за контакт со вонземјани, во тајната „Операција Светлосен зрак“, а под команда на Министерството за одбрана со акцијата раководела група видовити луѓе меѓу кои најистакната била една жена. Оваа операција е инспирација и за комедијата „Триумф“ на славното бугарско режисерско дуо Кристина Грозева и Петар Валчанов, која на Солунскиот фестивал ја имаше европската премиера по светската во Торонто пред месец и пол.

Во операцијата изведена во селото Царичина, таканаречената „Бугарска Област 51“ каде се наоѓа Дупката Царичина, е ископан тунел долг 185 метри и длабок 70 метри, а според историските сведоштва, војската барала „суштество – жолтокос мајмун“, „библиска личност“, „вонземски хермафродит што ќе ја побие Дарвиновата теорија за еволуција и ќе го открие вонземското потекло на човештвото“ или пак скриеното богатство на цар Самоил. По две години неуспешно копање, операцијаа е запрена оти станала прескапа, дупката е затворена со бетон, а објавено е дека еден од видовитите се самубил додека се копало и воен офицер се самоубил на крајот од акцијата.

Во 2007 на БТВ е снимен документарец за проектот Царичина, кој откри дека повеќето воени документи исчезнале од владините архиви или биле уништени.

Актерката Маргита Гошева (трета од лево), режисерите Грозева и Валчанов со екиата на „Триумф“ на Солунскиот фестивал. (Фото: ТИФФ)

Грозева и Валчанов во „Триумф“ креирале црна комедија на апсурдот, која се потсмева со идејата дека војската копала тунел за контакт со вонземјани за Бугарија да стане повторно велика – па и работниот ден го завршуваат со извикување на слоганот „Секој ден е триумф!“.

На разговорот со публиката по проекцијата во Солун, Грозева рече дека филмот е инспириран од настанот и дека лично го видела копањето кога имала 14 години.

„Селото Царичина е близу Софија каде моето семејство имаше куќа. Еден ден видовме дека дојдоа војници и запоседнаа една голема ливада, ја заградија и почнаа да копаат. Отидов до оградата и прашав што се работи, а вооружениот стражар ми рече ‘Одбиј! Воена тајна!’“, рече Грозева и додаде дека настанот е многу познат и популарен во Бугарија, а нивниот филм е заснован на него но и делумно фиктивно надграден со други ликови.

Валчанов рече дека доста истражувале за операцијата, а најмногу им помогнал еден бугарски новинар кој неколкупати бил и во тунелот додека се работело, па тој им ги дал и документарните фотографии кои се искористени на крајот на филмот.

„Во тоа време на падот на комунизмот, во Бугарија беа многу популарни видовити луѓе и постојано на телевизиите имаа контактни емисии во кои им се јавуваа гледачи им бараа мислења за разни маки. Знам за ова оти и татко ми беше еден од редовните гледачи и бараше совет што да прави оти почнал да ќелави. Но не му помогнаа советите“, рече Валчанов.

Во филмот играат двете прочуени, извонрдни бугарски актерки, Маргита Гошева и Марија Бакалова, која се прослави со номинацијата за Оскар во последниот филм „Борат“ од 2020.

Гошева игра во сите филмови на Грозева-Валчанов, меѓу нив и во најпознатите „Лекција“, „Слава“ и „Татко“, а во секој има сосем различна, комплексна улога. Во „Триумф“ ја игра главната видовита жена и рече дека за оваа улога се подготвувала на специјален начин.

„Ги проучив сите ритуали за гатање, од тарот карти до гледање на кафе, читав многу за разни спиритуални и парапсихолошки феномени“, рече таа заблагодарувајќи им се на режисерите што со секој филм ѝ даваат различни големи предизвици. „Во Солун првпат го гледам филмот со публика, се плашев дека луѓето ќе го сфатат сериозно, ама кога видов дека се смеете ми олесна, знаев дека ви е јасно оти е комедија“, рече Гошева.

Валчанов се шегуваше дека Гошева толку многу се внела во темата што почнала и самата да станува видовита.

„Неколкупати ја тестиравме – ќе снимевме повеќе дублови од една сцена и ќе ја прашавме да погоди кој е најдобар, и таа секогаш погодуваше“, рече Валчанов.

„Триумф“ уште не играл во Бугарија, а Грозева рече дека се надева оти публиката нема да се лути туку ќе се смее.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сакале да влезат на забава во скопски клуб, ги претепало обезбедувањето

Следно

СДСМ: Николоски фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Latest from Blog

Сите 12 штитеници на Домот за пензионери во Тузла починале од задушување, покажаа резултатите од обдукцијата

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на

Ајакс остана без тренер

фото: Ajax (X) Џони Хеитинга повеќе не е тренер на тимот на Ајакс. Менаџментот на клубот се одлучи да му врачи отказ на некогашната икона на холандскиот фудбал, поради очајните резултати пред

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта. „Играме за да победиме“, одговори Орбан на прашањето на

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Европската комисија го објави Годишниот извештај за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија. Извештајот не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на

Орце Ѓорѓиевски го презеде мандатот со ветување за чесна и одговорна администрација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ја презеде функцијата, најавувајќи ново поглавје во историјата на главниот град. На церемонијата во просториите на Град Скопје, тој истакна дека неговиот мандат ќе започне
Go toTop