Стотици граѓани во Стокхолм протестираа против израелските напади врз Газа, Либан и Иран

November 2, 2024
1 min read

СТОКХОЛМ (АА) – Стотици демонстранти во Стокхолм, главниот град на Шведска, протестираа против израелските напади врз Газа, Либан и Иран, известува Анадолу.

Граѓаните се собраа во квартот Оденплан, а потоа мирно прошетаа до шведскиот парламент.

Демонстрантите носеа кукли кои ги претставуваат децата убиени во Газа и извикуваа пароли „Слободна Палестина“ и „Стоп за геноцидот“ и упатија апел за итен прекин на огнот во Газа и Либан.

Насобраните граѓани најостро ги осудија и Шведска и Соединетите Американски Држави (САД) за поддршката на израелските напади.

Шведската активистка Софија Јохансон, која ги поддржа демонстрациите, за Анадолу изјави дека ќе продолжи да протестира сѐ додека Газа не биде ослободена.

„Сакам да им порачам на сите кои не учествуваат во протестите дека не се работи само за Палестина, бидејќи ционистичкиот режим сака да ја прошири својата територија и да ги вклучи САД и Европската унија (ЕУ) во војна против Иран. Знаеме што прават и лидерите на арапскиот свет и ЕУ. Никогаш нема да заборавиме што се прави таму и затоа треба да им се суди во Хаг“, рече таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија

Следно

Македонската кикбокс сениорска репрезентација на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop