Од каде да се почне? ЕК даде 120 препораки за 2025 година

November 2, 2024
1 min read

За отворање на првиот Кластер од преговорите, Македонија во годината што следува, треба да спроведе околу 120 препораки. Вака стојат работите во Извештајот за напредокот на државата. Ако сака да го подобри досието за подготвеност за пристапување во Европската унија, најверојатно треба да ги стокми, уставните измени.

Во новиот извештај на Европската комисија (ЕК) сме напреднале „ограничено“. Ваквата оценка најверојатно подобра е од ланската во кој Комисијата нотираше дека не е направен прогрес. Сепак Извештајот содржи низа од незавршени реформи кои ги посочи евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.

„Довербата во судството треба да се зајакне. Корупцијата треба да решава преку добро следење на истрагите, кривично гонење и крајните обвиненија за случаи на високо ниво. Што се однесува до внатрешниот пазар севкупната процена останува конбинирана – одреден напредок, помалку напредок, но областите како што се слободното движење на работници и стоки, политиката за конкурентност, правото на интелектуалната сопственост, треба да бидат унапредени“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

За потребата од носење уставни измени кои се најдоа во заглавието на Извештајот на Европската комисија, но и во првата реченица на Рохас на прес-конференцијата, евроамбасадорот, сепак, се воздржа од коментар за тоа дали за Унијата се прифатливи уставни измени со одложено дејство и дали се тие можни без промена на преговарачката рамка, односно дали тие би биле прифатливи за Унијата доколку ги прифати Бугарија. Тој само ја повтори изјавата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, од минатата недела.

Министерството за европски прашања, пак, во анализата за оценките добиени во Извештајот, оцени дека има благ нагорен тренд во подготвеноста на земјата, односно вкупната подготвеност ја оценува како добро ниво на подготвеност. Сепак и од таму ништо конкретно околу уставните измени. За тоа дали владата има план како понатаму доколку во и последните избори не резултираат со политичка влада на која чека Скопје за да седне и да разговара за уставните измени, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, со одговор дека не коментра хипотетичи ситуации.

За забелешките, пак, содржани во извештајот за недоволниот капацитет на Министерството за европски прашања за водење на процесот на пристапување, Муртезани, вели дека помош ќе се бара од Европската унија и донаторите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС

Следно

Загинатиот Македонец Васко Саздовски имал 45 години, работел како научник во институтот „Биосенс“, бил од Свети Николе

Latest from Blog

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,
Go toTop