Гобер со лакт го удри Јокиќ, а потоа тргна да се тепа со уште еден кошаркар на Денвер (ВИДЕО)

November 2, 2024
1 min read

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс ноќеска го совладаа Денвер Нагетс (119-116) во еден од највозбудливите натпревари на НБА-лигата, во кој домаќинот со неколку тројки во завршницата успеа да се вратат и на крај целосно да го сврти резултатот.

Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 26 поени, девет скокови и 13 асистенции, а Арон Гордон придонесе со 31 поен и 12 скокови.

Сепак, тоа не беше доволно за да се победи против Минесота и расположениот Ентони Едвардс, кој постигна 29 поени. На осум минути пред крајот на натпреварот, Руди Гобер се обиде да постигне кош покрај Јокиќ, но при борбата за позиција го удри српскиот центар со лакт право во лице.

Јокиќ падна на паркетот, а судиите веднаш го прегледаа видеото и му доделија на Гобер неспортски фаул. Јокиќ го продолжи натпреварот и покрај повредата на забите.

Во самиот финиш, Кристијан Браун изведе спектакуларен забивачки удар во лицето на Гобер и го прослави кошот пред него. Овој потег не му се допадна на Гобер, кој го оттурна за вратот, што предизвика краток инцидент.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски и Николоски на увид во работата на патот Прилеп-Битола

Следно

Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop