НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Тринаесет лица загинаа во Нови Сад, три лица во болница

November 1, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации- 13 луѓе загинале откако се урна напладне бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во сериозна состојба.

Тој додаде дека две жени биле извлечени од урнатините и дека спасувачката операција била исклучително тешка.

„Се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените“, изјави Дачиќ.

Министерот додаде дека се стравува дека има повеќе жртви. Меѓу загинатите е и дете на возраст од шест години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски хуманитарен брод со 1.000 тони хуманитарна помош пристигна во Бејрут

Следно

Николоски: Од Охрид ќе може да се лета насекаде кон светот- започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop