Јаневска: Бојкотот во Моране и во Чашка се политички монтирани процеси – ако не одат во училиште, учениците ќе добиваат неоправдани

October 31, 2024
1 min read

Министерката за образование, Весна Јаневска коментираше за училиштето во Моране, каде што има бојкот на образованието. Јаневска во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше дека тоа е политички монтиран процес, исто како и училиштето во Чашка.

„Ова е политички монтиран процес, како што беше и во Чашка. Училиштето во Моране е подрачно училиште од истата општина. Некој ги убедил родителите дека ако добијат директор и евентуално заменик директор, тие ќе добиеле подобри услови, поголеми инвестиции, нешто што нема никаква логика. Станува збор за местото директор или местото раководител. Ако е раководител, централното училиште ги води сите главни потреби на училиштето, набавка на книги, обезбедување на оброк, превоз. Нема никаква логика зошто бараат да станат одвоено училиште од централното. Ова се е на штета на децата, и доколку учениците не се вратат во училиште ќе се соочат со неоправдани“, рече Јаневска.

За училиштето во Чашка, Јаневска со став:

„Градоначалникот и советот треба да водат сметка. За моја голема радост, почна изградбата и ќе биде брзо завршено. Но ова беше политички монтиран процес на штета на учениците“, изјави Јаневска.

„Не беше револтот кон учениците и нивните сограѓани, туку од притисокот од претходната влада. Јас повеќе пати бев во Чашка, тие 12-13 ученици учеле во училиштето, со своите другарчиња, и родителите имаат потпишано дека ќе учат на македонски јазик, и децата учеа. Од политички причини беше побарано да се формира паралелка на албански јазик, и покрај тоа што децата не знаеја албански јазик“, рече Јаневска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворена австриска библиотека во рамки на Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ

Следно

Израел уби повеќе од 1.200 Палестинци за 27 дена во северниот дел на Газа

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop