Отворена австриска библиотека во рамки на Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ

October 31, 2024
1 min read

Во рамки на Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска свечено беше отворена австриска библиотека, каде се обратија деканот на Филолошкиот факултет Владимир Мартиновски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер. 

Мартиновски упати благодарност до амбасадорот Памер за неговата посветеност за реализација на овој проект, со кој библиотечната збирка на Филолошкиот факултет ќе се збогати со 2.000 книги и посочи дека книгите, особено подарените „се тивки, но мошне моќни докази за меѓусебното пријателство“.

– На почетокот на оваа година, амбасадорот Мартин Памер на средба со колегите од Катедрата за германски јазик и литература и од Катедрата за превод и толкување, ја презентираше идејата и иницијативата за реновирање на библиотеката за германски студии и засновање на австриската библиотека. Амбасадорот Памер вложи голем ентузијазам и посветеност во реализацијата на овој значаен проект, кој се оствари во рекордно време. Патот од иницијатива до целосна реализација вклучуваше тесна соработка и со австрискиот лектор по германски јазик Бесим Алили, кому во оваа пригода и во име на Филолошкиот факултет му изразувам големо благодарам, посочи Мартиновски.

Амбасадорот Памер рече дека при посета на некои библиотеки ширум земјава дошол до идејата за формирање на австриска библиотека во Скопје.

– Кога пред една година дојдов овде, во вашата прекрасна земја многу патував и видов дека Австрија и вашата земја имаат многу заеднички нешта. Големо минато, мала и млада нација, добра земја со огромни потенцијали. Посетив неколку библиотеки ширум земјава и открив дека тука нема австриска библиотека, па си реков би требало да почнеме со формирање на австриска библиотека овде, во главниот град на Северна Македонија, рече Памер.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велјановски: Потребна е правична застапеност на сите етнички заедници при вработувањата, но балансерот како алатка ја одигра својата улога

Следно

Јаневска: Бојкотот во Моране и во Чашка се политички монтирани процеси – ако не одат во училиште, учениците ќе добиваат неоправдани

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop