МВР со АПЕЛ до граѓаните по зголеминиот број на фишинг-напади

October 31, 2024
1 min read

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Секторот за компјутерски криминал при МВР, Ве известуваме дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница, информираат од МВР.

Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добивале порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикувале да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк.

Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци.

-Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба. Затоа, апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот, додаваат од МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Милошоски: Правосудството има низок углед, граѓаните немаат доверба во институциите, неопходни се реформи

Следно

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива
Go toTop