Милошоски: Правосудството има низок углед, граѓаните немаат доверба во институциите, неопходни се реформи

October 31, 2024
1 min read

Денес на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски му постави прашања на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Првото прашање беше до претседателот на Влада, Христијан Мицкоски и се однесуваше на Републичкиот судски совет. Милошоски напомена дека моментално целото правосудство има низок углед и висока недоверба и тоа влијае на довербата на граѓаните во институциите. Тој истакна и дека ова долго време се провлекува во извештаите на ЕК и дека е време да се преземат чекори.

„Моето прашање е дали до овој момент, Републичкиот судски совет како целина и тело или некои членови до вас доставија издржан предлог за реформи на оваа институција или доколку нема кој е вашиот план за реформа на Републичкиот судски совет со цел да се зголеми довербата во оваа институција и да има поголема стопанска извесност и капацитет за владеење на право и борбата против корупција?“, праша Милошоски

Второто прашање беше до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и се однесуваше на акцијата која беше спроведена по налог на надлежните институции во струмичкиот регион против неколку фирми од кои што најзвучна во јавноста беше фирмата на Крмзов.

„Која е вашата проценка за овој случај? За какви дела станува збор или какви индиции ако може да се соопшти, и дали очекувате разрешница на овој кривично правен настан, според она што може вие да го процените како министер за внатрешни работи?“, рече Милошоски

Третото прашање беше до министерот за транспорт и врски Александар Николоски, во однос на делницата Прилеп-Битола. Милошоски напомена дека долго време пелагонискиот регион има потреба од оваа делница и сметаме дека би било многу добро ако навремениот почеток и реализација кој вклучува и експропријација и поместување на одредени надвозници кои веќе ги има тој пат.

„Би сакал да ја слушнам вашата проценка, за почетокот и реализацијата и во кој временски период овие два стопански центри во Прилеп и Битола ќе бидат поврзани?“, заклучи Милошоски.

Милошоски постави и дополнително прашање во однос на Републичкиот судски совет. Тој напомена дека не може да се очекуват исти резултати ако оваа екипа во РСС продолжи да биде истата во следните 2 до 3 години.

„Јас сум песимиста дека ќе имаме подобрување во судскиот совет доколку оваа екипа остане. Моето дополнително прашање е дали имавте веќе разговор на оваа тема со европскиот експерт? Бидејќи законоски е регулиран со закони кои се гласаат со 2/3 мнозинство во Собранието, доколку се предложи одреден закон за темелна реформа на судскиот совет освен парламентарно мнозинство, да обезбедиме 2/3 мнозинство за темелна реформа на Републичкиот судски совет“, дополни Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије спаси нерегуларни мигранти на брод оставен од грчките сили

Следно

МВР со АПЕЛ до граѓаните по зголеминиот број на фишинг-напади

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop