Израелската Армија ја уништи зградата на УНРВА во кампот Нур Шамс на Западниот Брег

October 31, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија денес ја уништи зградата на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкарем на северниот дел на Западниот Брег, изјави локален претставник, јавува Анадолу.

„Израелските булдожери ја срушија зградата, преку која Агенцијата на ОН управуваше со секојдневните потреби на жителите“, изјави за Анадолу, Нехад ал-Шавих, кој раководи со локалниот комитет за услуги во кампот.

„Зградата беше делумно оштетена за време на претходните израелски напади, а денес беше целосно урната од израелските сили“, додаде тој.

Уривањето на зградата се случи по три дена откако Кнесетот (израелскиот Парламент) во понеделникот го усвои законот со кој се забранува работата на УНРВА, што на крајот ќе влијае на нејзината работа во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Законот ќе стапи на сила за 90 дена.

Генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, рече дека израелската забрана е „без преседан и опасна“ и претставува прекршување на Повелбата на ОН.

Според палестинската официјална новинска агенција Вафа, во кампот Нур Шамс има две училишта и еден здравствен центар управуван од УНРВА.

Претходно денес, двајца Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во напад на израелско беспилотно летало во кампот, според Министерството за здравство.

Тензиите се зголемени низ Западниот Брег поради бруталната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која се убиени над 43.100 луѓе, главно жени и деца, од октомври минатата година.

Најмалку 766 Палестинци оттогаш се убиени, а околу 6.300 се повредени од истрели на израелската Армија на Западниот Брег, објави палестинското Министерство за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петрушевски: „Големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред Мицкоски- ДУИ е демонтирано

Следно

БРАВО ЈУЛЕ, КАТЕ, СТЕФАН И МАРИО: Атлетичарите на Специјалната Олимпијада освоија 3 медали за Македонија

Latest from Blog

Семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска оддржуваат нов протест

Со транспаренти барајќи правда за трагедијата и фотографии на загинатите носејќи ги на гради во првите редови на колоната, започна протестниот марш во Кочани. Маршот на Ангелите организиран по 6ти пат движејќи

Дејан Георгиевски ќе се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо

Најдобриот македонски спортист утре во Софија се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо, Президент Куп Г3! Медал од овој значаен турнир ќе значи многу за македонскиот спорт,

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална работа ќе добијат обезбедување

За еден месец, 37 Центри за социјална работа ќе добијат обезбедување од лиценцирана компанија. Јавната набавка, која неодамна ја објави Министерството за социјална политика, завршува оваа недела и се бараат вкупно 60

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за м/квадратен на локацијата Белград на вода. Највисока

Малоазиската верверичка се обидува да преживее во тревните подрачја на централна Турција

СКОПЈЕ (АА) – Малоазиските верверички (Spermophilus xanthoprymnus), или локално познати како „Anadolu gelengisi“ или анадолски стоболки, активно бараат храна низ пространите ливади на Караман, централна Турција, јавува Анадолу. Верверичките бараат плен и
Go toTop