Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии

October 31, 2024
1 min read

Министерството за образование и наука известува дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование, кој е поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување, актуелниот закон од 2008 година ќе биде заменет.

  • Сите заинтересирани граѓани можат да придонесат за усвојувањето на најдобрата верзија која ќе биде испратена во собраниска процедура. Во предлог-законот се вклучени сугестиите од издавачките куќи во Македонија, со чии претставници раководството на МОН и Педагошката служба имаше конструктивна работна средба, соопштија од МОН.

Од Министерството додаваат дека новиот закон треба да осигура изработка на учебници со поквалитетна содржина, да ја намали веројатноста за грешки какви што имаше во минатото и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„МАРИЈА“ СО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ГО ОТВОРА СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛ, ПОЧЕСНИ НАГРАДИ ЗА БИНОШ, ФАЈНС И ДИЛОН

Следно

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop