Мицкоски и остави отворена врата на Зајкова – ЛДП останува да делува независно во парламентот, вели таа

October 30, 2024
1 min read

Премиерот Мицкоски остави широко отворена врата за приклучувањето на ЛДП на владината коалиција, откако претседателката на партијата Моника Зајкова ја напушти опозициската коалиција предводена од СДСМ. Вели дека се уште немале разговори но дека секој е добредојден кој ги застапува интересите на Владата, но и дека за тоа ќе бидат консултирани коалициските партнери. 

„Секој кој што ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада може да се приклучи и да ги подржува овие политики. Дали официјално би биле дел од владината коалиција се уште не сум разговарал ниту во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата. Сепак тоа е процес кој што е потребно да добие поддршка од сите чинители. Не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже, битно е да видиме што велат коалиционите партнери. Но секоја поддршка од секој пратеник кој што ги поддржува политиките на оваа Влада е добредојдена во рамките на гласањето во Парламентот“, вели Христијан Мицкоски. 

Но, токму поддршките на политиките на премиерот Мицкоски околу одложеното дејство на уставните измени што отворено ги искажа во Дејли клик на ТВ21 оценувајќи дека тоа е добра можност за откочување на евроинтеграциите, ја отвори дилемата дали Зајкова се приближува кон власта. Сепак таа, во изјава за порталот Рацин вели дека останува да делува независно.

„Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. ЛДП е независен политички субјект, со своја политичка програма и со своја либерална идеологија. Пракса е на партијата да има свој став околу прашањата кои понекогаш и порано бил различен од ставот на коалициските партнери, како на пример рамниот данок за кој ЛДП беше застапник додека СДСМ инсистираше на прогресивен данок“, вели Моника Зајкова.

ЛДП на последните избори настапи во коалицијата предводена од СДСМ, а Зајкова беше коносител на листа во втората изборна единица заедно со екс претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. ТВ21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, но не се знае дали ќе и се приклучи на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски загрижен за граѓаните „Знам дека живеат тешко“

Следно

Најмалку 72 загинати во катастрофалните поплави во Шпанија

Latest from Blog

Сменета деканката на Медицинскиот факултет во Белград, нов вршител на должноста на чело на ФДУ

На денешната седница, Советот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград донесе одлука за разрешување на деканката Татјана Симиќ од функцијата. Заедно со неа, од функција се тргнати и сите продекани задолжени

Тен Хаг за само два месеци на клупата на Баер сериозно ќе ги наполни џебовите!

Ненадејното отпуштање на Ерик тен Хаг од Баер Леверкузен ќе му донесе сериозна финансиска компензација на холандскиот стратег, пишува „Билд“. Според информациите, стручњакот, кој се задржа само два месеца на клупата, ќе

Ураганот Кико и тропската бура Лорена се зајакнаа над источниот Пацифик

Ураганот Кико и тропската бура Лорена се зајакнаа над источниот Пацифик, а метеоролозите очекуваат бурата да донесе обилни дождови во Баја Калифорнија, објавија денес американските медиуми. Националниот центар за урагани во Мајами,

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен за македонската економија и за македонските граѓани. Порача дека со оваа инвестиција,

„Македонска држава“ – прва дигитална библиотека за македонското историско наследство стартува на 8 септември

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста. Станува
Go toTop