Над 60 загинати во поплавите во Шпанија

October 30, 2024
1 min read

Катастрофални поплави во Шпанија. Повеќе од 60 лица загинаа а десетици се водат како исчезнати по поплавите кои го зафатија југоисточниот дел од земјата. Најтешко погодеи се регионите долж медитеранот, особено Андалузија, Мурсија и Валенсија.

Спасувачките екипи забрзано работат во обид да пронајдат преживеани додека лоокалните власти стравуваат дека бројот на мртви може да се зголеми.

Практично сите главни патишта се отсечени, а исто така и споредните патишта. Кога велиме дека жителите не треба да ги напуштат домовите, тоа не е обична препорака, тоа е неопходност за да се гарантира безбедноста на луѓето кои се заглавени и на луѓето кои треба да одат за да ги спасат.“ – Пилар Бернабе владин делегат за регионот Валенсија.

Обилните врнежи кои непрекинато паѓаа во изминатите неколку дена предизвикаа лизгање на земјиштето во неколку области. Десетици села се отсечени од остатокот од земјата додека водата носеше мостови и влечеше автомобили по улиците. Воз кој превезувал речиси 300 патници со голема брзина излета од шините во близина на Малага. Покрај железничкиот, во прекин е и воздушниот сообраќај а откажана е наставата во многу училишта и универзитети… На помош испратена е и воена единица специјализирана за спасувачки операции која треба да им помогне на локалните служби.

„Куќата која се наоѓаше на почетокот на градот , исчезна во поплавата..Има најмалку две лица кои се исчезнати..Спасувачките служби не можат да ги лоцираат..“ – жител на Шпанија.

„Пред само неколку часа водата беше толку висока и ми стигнуваше до колена. Но предходно, немаше шанси да минете тука. Целиот мост беше под вода.“

Шпанската метеоролошка служба соопшти дека во градот Чива во близина на Валенсија наврнале речиси 500 милиметар дожд за само осум часа, количина која е еднаква на годишно количество дожд. Во регионот Валенсија е прогласен црвен метео аларм а втор највисок степен на тревога е на сила во Андалузија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Следно

Мицкоски загрижен за граѓаните „Знам дека живеат тешко“

Latest from Blog

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,

Млеко со афлатоксин од Косово за малку ќе стигнеше до македонските маркети: запрени 27,5 тони

Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Станува

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието
Go toTop