СДСМ: Обвинителството да постапи и да го испита сертификатот на директорот на АНБ

October 30, 2024
1 min read

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем.

Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија“, стои во соопштението на СДСМ.

„Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени.  

Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски?

Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?

МВР би требало да има исти критериуми и да постапува по закон, неселективно а не да штити прекршување на законите.

Го повикуваме Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните.

Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности трева да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ“, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Јон Вардар против галаксијата“ доаѓа во киносалите

Следно

„Нека се засрамат оние кои ги нормализираа односите со Израел“, порачаа на собир за Газа во Јордан

Latest from Blog

Проданоски најави нови решенија за подобар автобуски превоз во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop