ЗЕМЈОТРЕСОТ ПРЕПОЛОВИ СЕЛО ВО ТУРЦИЈА – распуканата земја е застрашувачка, јужниот дел од селото е отцепено за два метри (ВИДЕО)

February 15, 2023
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе се продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради, повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.

„Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“, рече Ердоган доцна во вторникот, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател.

„Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици“, додаде тој.

Повеќе од 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13.000 се уште се во болници, рече Ердоган.

Турските медиуми јавуваат дека селото во округот Доганшехир во Малатија е буквално пресечено на два дела. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метра, додека куќите на север останале недопрени.

Медиумите јавуваат дека пукнатината е долга 16 километри.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Европратеници бараат оставка од Вархеји, го обвинуваат дека ги нарекол идиоти

Следно

Трет ден собраниска расправа за владината реконструкција- обвинувања, реплики и контрареплики

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop