Велес со алармантни бројки: На годишно ниво 1000 новозаболени жени од канцер на дојка

October 29, 2024
1 min read

Најмногу жени болни од карцином на дојка има во градот Велес. Статистики се аларманти. На годишно ниво бројот на заболени пациентки се зголемил на илјада новозаболени, а кој пред пандемијата на корона  бил 500 годишно. Се симнува и старосната граница на заболените. Таа сега паднала на 40-годишна возраст, иако најмладата велешанка која е оперирана од канцер на дојка има само 21 година, додека во земјава канцер на генитални органи е откриен кај 17-годишна девојка.

Освен кај жени, болеста засега е официјално откриена и кај еден маж во Велес, а може да има и други заболени, кои не се регистрирани. Овие информации ги изнесе Македонка Икономова Давчева  од велешкото  здружение „Љубов сме“, во кое членуваат жени онколошки пациентки, на трибината „Рано откривање на канцер на дојка“, што Општа болница Велес попладнево  ја организираше во Европската куќа на млади во Велес.

Трибината е во рамки на розовиот месец за борба против оваа болест со цел едуцирање на населението за борба против оваа болест. Трибината има за цел да ја подигне свеста за редовни самопрегледи на велешанки, како и за користење на термините од прегледите на скринингот што го спроведува Министерство за здравство.

Присутните лекаркивна трибината, потенцираа дека  со болеста канцер на дојка се живее, но доколку биде рано откриена и на време бидат преземени сите здравствени мерки за нејзино лекување.

Сепак животот не е така едноставен, констатираа оперираните жени, говорејќи отворено за личната и грижата на семејствата кои се нивната најголема поддршка.

Со трибина и ЈЗУ Општа болница Велес се вклучи во активностите кои се организираат низ државата и се посветени на розовиот месец, октомври – посветен на подигнување на свеста за болеста канцер на дојка

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Нова детска градинка ќе се гради во Општина Ѓорче Петров- Мицкоски утре ќе присуствува на камен темелникот

Следно

Пронајден е 4-годишниот Хадис!

Latest from Blog

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано

Ѓорѓиевски најави конкретна поддршка за волонтерските програми на Црвениот Крст

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити, секретарката на Црвениот Крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска и стручната служба. На
Go toTop