Агенциите на ОН го критикуваат Израел за усвојување на Законот за забрана на работењето на УНРВА

October 29, 2024
2 mins read

ЖЕНЕВА (АА) – Агенциите на ОН денес го критикуваа израелскиот Парламент за усвојување на Законот за забрана на работењето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), нагласувајќи ја важноста на работата на организацијата за Палестинците, јавува Анадолу.

На прес-брифингот на ОН во Женева, портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ предупреди дека работата на УНРВА „не може да се совпадне“ со ниту една агенција, вклучително и СЗО.

„Што се однесува до испораката на здравствени услуги, 3.000 од 13.000 вработени во УНРВА се здравствени работници“, рече Јашаревиќ.

„Тие во основа обезбедија повеќе од 6 милиони медицински консултации минатата година во здравствените центри што ги раководи УНРВА и ги обезбедуваа овие консултации за повеќе од половина од населението во Газа“, рече тој.

Тој додаде дека персоналот на УНРВА е вклучен и во имунизација на децата, скрининг за надзор на болести, скрининг за неисхранетост и дека бил активен во кампањи за детска парализа.

„Една третина од членовите на тимот за детска парализа се од УНРВА“, рече тој, додавајќи: „Значи, навистина, (нивната работа) не може да се совпадне со ниту една агенција, вклучително и СЗО“.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, од своја страна, предупреди дека одлуката може да предизвика дополнителни загуби на животи на деца.

„Таква одлука одеднаш значи дека е пронајден нов начин за убивање деца“, рече Елдер.

Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), истакна дека спроведувањето на оваа одлука ќе биде „колективна казна“.

„Доколку се имплементира, ова ќе се додаде на актите на колективна казна кои видовме дека се наметнати на Газа“, предупреди Лаерке.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) рече дека не може да ја замени УНРВА во Газа, но сака да ја зголеми поддршката за оние на кои им е потребна.

„Нема шанси ИОМ да се вклучи да го направи она што го прави УНРВА. УНРВА е апсолутно суштинска за луѓето во Газа“, рече генералниот директор Ејми Поуп.

„Но, можеме да им дадеме поддршка на оние луѓе кои моментално се во криза“, рече Поуп, додавајќи: „Тоа е улога што ние многу сакаме да ја играме и која ќе ја засилиме со поддршка од различни засегнати страни.

И покрај приговорите од целиот свет, израелските пратеници вчера го усвоија контроверзниот нацрт-закон, со 92 гласа за, наспроти 10 гласа против, со кој се забранува работењето на УНРВА.

Израел ги обвини вработените во УНРВА за соучесништво во прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година. УНРВА, сепак, ги негира обвинувањата.

Оттогаш, Израел уби повеќе од 43.000 луѓе, од кои повеќето жени и деца во Газа и создаде услови за глад со блокадата на територијата.

Законот, кој ќе стапи на сила во рок од три месеци, ќе го прекине контактот меѓу УНРВА и израелските официјални лица, спречувајќи ја Агенцијата да обезбеди спасувачка поддршка за Палестинците низ Газа и окупираниот Западен Брег.

Агенцијата е основана од Генералното собрание во декември 1949 година за да спроведе програми за помош и работа за палестинските бегалци.

Таа започна со работа на 1 мај 1950 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Усвоена Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024-2044 година, ова се нејзините цели

Следно

Турскиот аеродром „ИГА Истанбул“ за шест години го посетиле 317 милиони патници

Latest from Blog

Гаши ќе ги извести Уставен и Судски совет за поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја подготвил и ќе ја испрати писмената нотификација со која го информира Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, со која пак се

Првите резултати од претседателските избори во Романија покажуваат водство на Никушор Дан

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции Авангард и Курс, пренесува Диџи24. Втор е кандидатот

ТФТ го збриша Работнички за пласман во финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како гостин го прегази Работнички со 73:92 и дојде до третата победа која

Заврши гласањето на локалните избори во Хрватска

Избирачките места за локалните избори во Хрватска се затворија во 19:00 часот по локално време. Хрватите денеска ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како
Go toTop