Филков од Будвa: Потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија

October 29, 2024
1 min read

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

На форумот беше реафирмирана силната регионална посветеност и блиската соработка за правда и за внатрешни работи.

Европската унија и Западен Балкан разговараа за неодамнешните случувања во врска со дигитализацијата на правдата и остварија размена на мислења за можностите и главните предизвици на потенцијалот за користење на интероперабилни решенија и нови дигитални технологии, вклучително и вештачката интелигенција. Европската унија обезбеди ажурирање за тековните дискусии во ЕУ, меѓу другото и за напорите за дигитализација на правосудните системи и за електронските докази. Учесниците беа информирани и за Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото. 

На вториот ден од форумот посветен на правда, министерот Игор Филков во своето обраќање се осврна на две теми ,,Правдатa во дигитална ера” како и ,,Прекуграничната соработка во кривичната материја помеѓу партнерите од Западен Балкан”.

,,Со оглед на огромното значење на дигитализацијата во 21 век, евидентно е дека е нужно да се изнајдат начини како да се воспостави е-правда која пред се ќе биде инфраструктурно поддржана, но и во функција на остварување на загарантираните човекови права и владеењето на правото. Заради тоа, потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија vis a vis зајакнувањето на правосудниот систем.

Република Северна Македонија ги препозна предизвиците и можностите кои доаѓаат со дигиталната трансформација, што е и пресликано во  Национална Стратегија за информатичко-комуникациска технологија 2023-2027. Во делот на правдата, во рамките на Министерството за правда е развиена Стратегија за дигитализација во правосудството за периодот 2019-2024.

Секако, во оваа транзиција се соочуваме и со многу предизвици. Потребни се дополнителни инвестиции во технолошка опрема и обука на кадрите, за што несомнено е потребна финансиска и инфраструктурна поддршка. Неопходно е и да се осигураме дека сајбер-безбедноста е на највисоко ниво, за да ги заштитиме податоците и правата на сите граѓани”, рече министерот Филков.

Министерот за правда Игор Филков се осврна и на прекуграничната соработка во кривичната материја. Посебен акцент беше ставен на законските измени за заштитата на правата на жртвите во прекугранични случаи, надоместокот на штета како и соработката на нашата држава преку Европравда.

На маргините на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржа во Будва, министерот за правда Игор Филков оствари три  билатерални средби , со Еврокомесарот за правда  Дидие Рејндерс и со министрите за правда на Унгарија, Бенце Тузсон  и на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Николоски за грчки Катимерини: Да одиме напред со заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Следно

Петок е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop