„Визер“ ги укина летовите од Скопскиот аеродром до Келн, Копенхаген и Стокхолм

October 29, 2024
1 min read

Со стапување во сила на зимскиот распоред на унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ се укинаа три авиолинии од Скопскиот аеродром – Келн, Копенхаген и Стокхолм.

На сајтот на авиокомпанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти, а нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање.

„Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите од Скопје за Дортмунд, па така во ноември и декември ќе има летови по шест пати неделно, а во шпицот околу Нова година и Божиќ ќе лета секој ден до овој град во Северна Рајна Вестфалија.

На патниците што летаа за Копенхаген во Данска, сега им останува можноста да летаат до соседниот аеродром Малме во Шведска, но засега „Визер“ не го има зголемено бројот на летови. Стокхолм останува непокриен за патниците што досега летаа до главниот град на Шведска.

Минатата недела, министерот за транспорт Александар Николоски најави дека Скопскиот и Охридскиот аеродром во 2025 година ќе се поврзат со шест нови авиолини.

Од Скопскиот аеродром ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, а Охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и со Базел Милхауз.

Министерот информираше дека државата субвенционира 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопски аеродром. Тој рече дека се очекуваат 200.000 патници плус со новите линии.

Тој додаде дека во летниот период од скопскиот аеродром оперирале 47 дестинации, а од охридскиот осум, додека во зимскиот 33 од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Целта е во 2025 година да има 200 илјади патници плус на двата аеродроми.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Животната средина е приоритет, околу 680 милиони денари добија општините за проекти во оваа област

Следно

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

Latest from Blog

Гаши ќе ги извести Уставен и Судски совет за поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја подготвил и ќе ја испрати писмената нотификација со која го информира Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, со која пак се

Првите резултати од претседателските избори во Романија покажуваат водство на Никушор Дан

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции Авангард и Курс, пренесува Диџи24. Втор е кандидатот

ТФТ го збриша Работнички за пласман во финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како гостин го прегази Работнички со 73:92 и дојде до третата победа која

Заврши гласањето на локалните избори во Хрватска

Избирачките места за локалните избори во Хрватска се затворија во 19:00 часот по локално време. Хрватите денеска ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како
Go toTop