Најдено решение за исплата на јануарската плата во Кабинетот на претседателот, со покачување од 5 проценти за административните службеници

February 15, 2023
1 min read

Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот.

– Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати, се појаснува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Порше“ удри во билборд: МВР со детали за сообраќајката кај Визбегово

Следно

Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје

Latest from Blog

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров. Станува збор за една од најбрзите и најмасовни

Љубов и вино во ист ден: Јелена и Ксенија си разменија Wolt изненадувања и ја славеа дружбата

14 февруари во Македонија има ретка, убава двојност. Традиционално на денот се одбележува Св. Трифун, празник што кај нас се врзува со лозјето и виното, со симболично „закројување“ на виновата лоза како

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја суспендирале обвинителката Кадриу за да спречат прогон на нивни функционери

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништуваше македонското здравство а Венко Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на државата. Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни
Go toTop