„Порше“ удри во билборд: МВР со детали за сообраќајката кај Визбегово

1 min read

По веста која ја објавивме синоќа за сообраќајна несреќа во Визбегово, Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали.

Синоќа во 21.00 часот млада девојка со нејзиното „порше“ излетала од пат и удрила во билборд.

– На 14.02.2023 во 21.00  часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Јадранска Магистрала“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки управувано од  М.А.(29) од Скопје удрило во метaлен столб-билборд. Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, ни изјавија од МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Доцнења и откажувања на летовите на „Луфтханза“ поради дефект на системот

Следно

Најдено решение за исплата на јануарската плата во Кабинетот на претседателот, со покачување од 5 проценти за административните службеници

Latest from Blog