Уште 5 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади низ Газа

October 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку пет лица се убиени утринава во серија израелски воздушни напади низ Појасот Газа, разрушен од војна, јавува Анадолу.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа соопшти дека израелско беспилотно летало погодило група луѓе во областа Беит Лахиа, во северна Газа, при што едно лице загинало, а неколку други се повредени.

Исто така, се наведува дека друго беспилотно летало погодило група луѓе во населбата Шејаја, во источниот дел на градот Газа, што резултирало со смрт на три лица, а три други се повредени.

Вафа додаде дека артилеријата на израелската Армија гаѓала во близина на клиника во населбата Зејтун, исто така во источниот дел на градот Газа, но нема информации за жртви.

Во централниот дел на Појасот Газа, најмалку еден Палестинец беше убиен, а други беа повредени во понеделникот во зори кога израелската Армија нападна дом во бегалскиот камп Нусејрат.

Едно дете беше повредено од куршуми од израелско беспилотно летало во источниот бегалски камп Ал-Магази.

Во најјужниот дел од Појасот Газа, израелската Армија продолжи да ги напаѓа и гранатира областите во Рафа, исто така кревајќи во воздух повеќе згради во северозападните области на градот.

Израелската Армија ја продолжи разорната офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот упад на палестинската група Хамас минатиот октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 43.000 луѓе, главно жени и деца, а над 100.800 други се повредени.

Израелските напади го раселија речиси целото население на територијата поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел, исто така, е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест пожари на отворено, 1 758 повици на 112 во последното деноноќие

Следно

Реал Мадрид реши да купи нов голман по катастрофалниот пораз од Барселона

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните
Go toTop