СДСМ: Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина

October 28, 2024
1 min read

СДСМ објави наводен нов скандал во Јавното претпријатие Државни патишта.

Според нив, на 29 ти септември 2024 година, на патарините на наплатните рампи во Петровец, Сопот, Отовица и Градско,  биле пропуштени 40 возила без да платат патарина.

„Околу 240 ненаплатени пропуштања низ патарините само во еден ден на 40 возила кои биле пропуштени на широкопојасната лента со црвен семафор.

Еве ги снимките од панорамските камери доставени од свиркачи до СДСМ. Јасно се гледаат сите поминувања.

Ова е целосно спротивно на Законот и претставува самоволие на кадрите на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во Јавното претпроијатие.

Согласно член 66 од Законот за јавни патишта од патарина се ослободени само: возила со полициска придружба, возила означени на Армијата, полицијата, Царината, брзата помош, протипожарните служби, возила на заболени од законски дефинирани болести и лица со телесни оштетувања од 80% со соодветни книшки.

Никој друг не е ослободен од патарина.

Што значи има јасни законски ограничувања и никој надвор од овие законски прописи не може да ослободува возила да не платат патарина.
Наредбата за овие 40 возила да бидат 240 пати пропуштени низ патарините без да платат ја издал раководителот на наплатна служба, Ванчо Милевски, инаку кадар на ДПМНЕ.

Врв на ова самоволие е пораката, испратена по Вибер апликација, до сите Одговорни на гореспоменатите наплатни станици, во која децидно е Наредено замислата на Раководителот да се спроведе.

Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина.

Прашањето сега е дали раководителот Ванчо Милевски ќе сноси одговорност? Дали Коце Трајановски ќе го разреши и дали МВР ќе му поднесе кривична пријава? Или за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите и можат да прават што сакаат?

СДСМ бара одговорност од Ванчо Милевски за прекршувањето на законите и негова одговорност.

Многу скандали му се собраа на Коце Трајановски, дали истрошениот Коце Трајановски воопшто е свесен какви кадри назначи од неговото доаѓање,  дали е сигурен дека сите назначени кадри да ја контролираат работата немаат некоја тешка дициплинска постапка? Или само ги исполнува желбите на партиските војници, размислува ли тој за одговорност?“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот

Следно

Шест пожари на отворено, 1 758 повици на 112 во последното деноноќие

Latest from Blog

Меџити: Урбаната трансформација во Чаир не запира

Во општина Чаир денеска завршува реконструкцијата на улицата бр. 9 на булевар „Мидхат Фрашери“, со поставување на завршниот слој асфалт. Ова е само еден од шесте инфраструктурни проекти кои паралелно се реализираат

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

 Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорност посветена на превенција на детската дебелина Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во

Протест пред албанскиот Парламент против предлог-законот за родова еднаквост

Протестот е во организација на Албанската коалиција за семејство и живот, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше, „Пратеници, не гласајте против децата“, „Предлог-закон за родова еднаквост, антисемеен“, „Држете ги рацете подалеку
Go toTop