Најмалку 21 лице се повредени во руски воздушен напад врз украинската област Харков

October 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина денес соопшти дека најмалку 21 лице се повредени како последица на руски воздушен напад во североисточниот регион Харков во земјата, јавува Анадолу.

„Во вечерните часови и во текот на ноќта, непријателот ги нападна областите Шевченковски, Салтивски и Холоднохирски во градот Харков, како и градот Чухуив, во регионот Харков“, се вели во соопштението на украинската Државна служба за вонредни состојби.

Укажувајќи дека меѓу повредените има пет деца, во соопштението се вели дека настанало уништување и оштетување на станбената инфраструктура во двата града.

Во Чухуив имало пожар во зграда, кој брзо бил изгаснат од персоналот на Државната служба за итни случаи, се вели понатаму во соопштението.

Исто така, се вели дека напорите за пребарување и спасување сè уште се во тек во областа Холоднохирски во Харков.

Харков, вториот по големина град во Украина, што се наоѓа на околу 30 километри (18,6 милји) од руската граница, редовно е цел на воздушни напади, кои се зголемија бидејќи Русија се обидува да ја наруши одбраната на Украина во поширокиот регион од почетокот на мај.

Руската офанзива во североисточниот регион отвори нов фронт во над двегодишниот конфликт кој досега беше концентриран на истокот и југот на земјата.

Руските власти сè уште не го коментираа нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Епистемолошка „војна“ на Али Ахмети: Со писма по белиот свет се жали за „црната судба“ во опозиција

Следно

Верстапен: Не е важно дали се согласувам со казните или не, главниот наш проблем е слабата брзина

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop