ЕУ забрани продажба на дизел и бензиски коли од 2035

February 15, 2023
1 min read

Членките на ЕУ веќе го имаат одобрено предлогот, па тој сега и формално станува закон и покрај противењето на конзервативните пратеници. Аргументот на овие што го изгласаа законот е дека тој им дава доволно време на европските производители да се префрлат на производство на електрични автомобили.

Законот е од директна корист за амбициозниот план на Унијата да стане „климатски неутрална“ економија до 2050, со нето-нула штетни издувни гасови.

„Дозволете да ве потсетам дека меѓу минатата година и крајот на оваа година Кина на меѓународниот пазар ќе донесе 80 модели на електрични возила.

Ова се добри возила. Ова се возила кои ќе бидат се повеќе и повеќе достапни, а ние треба да сме им конкурентни на нив. Не сакаме да му ја предадеме оваа есенцијална индустрија на некој од надвор,“ предупредил потпретседателот на ЕУ, Франс Тимерманс.

Стравот на противниците на законот е дека индустријата не е подготвена за така драматично прекинување на производството на возила со мотор со внатрешно согорување, и дека законот загрозува стотици илјади работни места.

„Нашиот предлог е да му дозволиме на пазарот да одлучи која е технологија е најдобра за постигнување на нашите цели,“ порачал пратеникот Јенс Гисеке.

Гисеке ги потсетува своите колеги дека тврдењата дека електричните возила се поевтини за возење повеќе не се точни заради енергетската криза во Европа.

„Во Германија 600.000 луѓе работат на производство на возила со мотор со внатрешно согорување, сега постои опасност за овие работни места,“ објаснува Гисеке.

Друг аргумент на луѓето против овој закон е дека батериите за електричните возила се произведуваат надвор од ЕУ, кај конкуренти како САД.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одржан состанок со Независниот синдикат на пожарникарите 15.2.2023

Следно

Претставници на бугарските организации во земјава од Османи побарале да посредуваат во смирување на тензиите меѓу Скопје и Софија

Latest from Blog

Израел блокираше француска делегација да влезе на Западниот Брег

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската администрација спречи делегација од Франција да влезе во окупираниот Западен Брег, известува Анадолу. Во писмено соопштение од палестинската општина Витлеем, се наведува дека Израел спречил делегација составена од

Јанкуловски: Убеден сум дека ќе успееме да реализираме 3,7% економски раст

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во емисијата Бизнис 21 изјави дека е оптимист за реализација на економскиот раст од 3,7% до крајот на годината. „Светската банка изненади со проекцијата, но минатата

Илјадници демонстранти и сообраќајни проблеми во Грција (ВИДЕО)

Илјадници луѓе протестираа во Атина во четвртокот за да го одбележат празникот на трудот 1 мај, пренесуваат медиумит, додека градскиот и поморскиот сообраќај беа нарушени поради штрајкот. Фериботите што ја поврзуваат копнена

Пандев: Интер заслужи многу повеќе во мечот со Барселона

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми ја пофали играта на Интер против Барселона и истакна дека е навистина штета што „нераѕурите“ не победија на гостувањето во Шпанија. „Неверојатен

Комеморација во Париз за младиот човек кој повеќепати беше избоден до смрт додека се молел во џамија во Франција

ПАРИЗ (АА) – Комеморација во главниот град Париз е организирана за Абубакар Сисе, млад муслиман кој повеќепати беше избоден со нож до смрт додека се молел во џамија во Франција на 25
Go toTop