Најмалку 9 загинати Палестинци во нов израелски воздушен напад врз училиште на ОН во Газа

October 27, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку девет Палестинци се убиени денес во уште еден воздушен напад врз училиште на Обединетите нации (ОН) во кое се засолнети раселените цивили западно од градот Газа, изјавија медицински извори, јавува Анадолу.

Дваесет лица се повредени во нападот врз училиштето „Асма“, под управа на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во бегалскиот камп Шати, додадоа изворите.

Ова е втор напад врз истото училиште во рок од неколку дена.

Израелски воздушен напад врз училиштето беше извршен и на 19 октомври, во коишто убиени беа најмалку 10 лица, а повеќемина повредени.

Израел систематски врши напади врз цивилни објекти, како и врз училишта, болници и храмови, во неговата тековна офанзива во Појасот Газа.

Според правилата на војување, таргетирањето на такви цивилни објекти може да претставува воено злосторство.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, убиени се речиси 43.000 луѓе, главно жени и деца, а над 100.000 се повредени.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите напади врз Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државјанка на Северна Ирска починала во дом во Битола

Следно

Клубот жестоко го казни бразилскиот фудбалски рекордер

Latest from Blog

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма
Go toTop