Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

October 26, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше денеска на отворање на Канцеларијата за услуги за граѓаните.

Тој вели дека тоа значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата.

„Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она за кое што зборувавме долго време да го применуваме.

Техничкиот аспект од отворањето на оваа канцеларија овде го опиша и министерот, а и градоначалникот кажа колку е ова значајно за жителите на оваа општина.

Она што јас сакам да кажам е дека ваквите канцеларии кои кога ќе се отворат насекаде, целата територија на државата, тогаш ќе можеме да зборуваме дека конечно во Македонија имаме реална борба против корупција.

И ова е во таа насока, дигитализирањето, транспарентните услуги, сето ова што се случува ја намалува можност за корупција. Знаете како беше, тоа не така одамна, кога за 500 денара требаше да ви направи некој услуга и да извадите извод од родените. Така од прилика тоа функционираше.

Исто така ќе ве потсетам на сите оние гужви и понижувачки моменти за македонските граѓани, кога мораше да вадат патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сето тоа. Сега сето тоа е минато за многу кратко време, за 4 месеца, успеавме сето тоа да го сведеме во рамките на законскиот рок. 

Денеска испробавме како ова тука и во суштина функционира. Така што продолжуваме и понатаму да го испорачуваме она која што сме се обврзале пред граѓаните дека ќе го испорачаме.

Но, она што мене ме прави задоволен е што конечно ќе биде целиот овој процес на користење на овој тип на услуга на неколку институции олеснет за сите граѓани низ целата територија на државата.

Започнуваме оттука, еве Стефан кажа, уште неколку канцеларии, тоа што од претходната влада на СДСМ и ДУИ, е направено за 7 години, сега ќе биде направено за 7 месеци. Некако бројот 7 е симболичен.

Но како и да е, продолжуваме и понатаму да работиме и да испорачуваме тоа што е наша обврска и должност.

Ете уште еднаш честитам и нека се аирлија ваквите услуги и да можеме што повеќе вакви објекти да отвораме низ целата држава“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЏЕЗ-ОРКЕСТАРОТ УШТЕ НЕ ГО ДОБИ ПРОСТОРОТ ПОД ОПЕРАТА ОТИ ПРВО ТРЕБА ДА СЕ САНИРА ПЛАТОТО КОЕ ПРОТЕКУВА

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Потрошувачката кошничка е намалена, пензиите се зголемија за 2500 денари, растат и платите, со СДС се стагнираше

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop