Клиника Жан Митрев ги едуцираше жените за женското здравје, превенција и навремено лекување

October 26, 2024
1 min read

Со предавање во четири компании и опфатени повеќе од 250 жени, Клиника Жан Митрев ги комплетира активностите за подигање на свесноста за женско здравје. Во текот на целиот месец октомври, тим од доктори специјалисти ги едуцираа жените за превенцијата и навременото откривање на промените на дојката и ракот како заболување на дојката.

Предавањата и едукацијата беа спроведени од тимот на Клиника Жан Митрев составен од сци. д-р Ирена Андонова, гинеколог, д-р Милан Ристески специјалист по онкологија, д-р Лилјана Брајевиќ, торакален хирург, д-р Мимоза Толевска, радиолог, д-р Џулијана Михајловска, ендокринолог, д-р Лидија Вељановска Кириџиева – специјалист по радиодијагностика, д-р Јелена Голубовиќ, гинеколог, со што беше опфатен секој аспект од заболувањето и третманот. 

Предавањата и советите од тимот на Клиника Жан Митрев се однесуваа на прашањата  за самопреглед, скрининзи, какви скрининзи, кога, колку често и каде да се прават. Едукацијата ја опфати и  дијагностика и терапија за најчестите гинеколошки проблеми во репродуктивниот период или во постменопаузата, со што се влијаеше на зголемување на свесноста за ракот на дојка и превенција. 

Во тој контекст беа споделени совети за превентивни прегледи со цел за навремена дијагностика на оваа болест која е главен причинител за смртност кај женската популација на глобално ниво. На едукативните работилници беа присутни жени на сите возрасти.

Ова е само една од активности кои Клиника Жан Митрев ги организира со цел зголемување на свесноста за заштита на женското здравје и уште еднаш потсети на важноста од редовните прегледи. 

Учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да споделат свои искуства што дополнитено ја зголеми интеракцијата и свесноста за потребната едукација и информираност за начините за превенција и препознавање на промените на дојка кај жените.

Според последните трендови во земјава, зголемен е бројот на жени заболени од рак на дојка и на репродуктивните органи. Медицинските специјалисти велат дека со превентивните прегледи се намалува бројот на жени што ракот го откриваат во доцна фаза. Со раното дијагностицирање, впрочем, можностите за излекување се доста големи.  

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проф.др Мирјана Димовска: Да не зборуваме за загадувањето само од октомври до март, туку целата година

Следно

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски во Аеродром, граѓаните добиваат канцеларија за услуги

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop