Израел започна напади врз Иран

October 26, 2024
1 min read

Израелската војска соопшти дека вечерва извршила напади врз „воени цели“ во Иран, јавува Анадолу.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека нападите се „одговор на нападите врз Израел во последните месеци“.

Како што наведоа од израелската војска, „во тек се прецизни напади врз воени цели“.

Истакнато е дека со внимание се следат активностите на Иран и неговите сојузници, и дека се мобилизирани сите офанзивни и дефанзивни капацитети.

Експлозии во Иран и Сирија

Иранската полуодржавна новинска агенција „Фарс“ објави дека експлозии одекнале во главниот град Техеран.

Иранската новинска агенција наведува дека „пред неколку минути одекнаа експлозии во Техеран“.

Не се објавени дополнителни информации во врска со тоа.

Иранската државна телевизија ја потврди оваа информација не наведувајќи ги можните причини за експлозиите.

Истовремено, експлозии одекнаа во Сирија, во Хомс и во околината на Дамаск.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинеска компанија пушти во продажба билети за вселенска туристичка експедиција

Следно

Флик: Барселона има свој стил на игра и нема да менува ништо против Реал

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop