Најмалку 46 загинати досега од тропската бура Трами на Филипините

October 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати како резултат на врнежи, поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од тропската бура Трами на североистокот на Филипините се зголеми на 46, известува Анадолу.

Според веста што ја објави филипинската новинска агенција (ПНА), властите информираа дека во невремето се повредени 7 лица, а 20 лица се водат за исчезнати.

Властите соопштија дека 46 лица ги загубиле животите во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Трами.

Во изјавата објавена од страна на филипинските воздухопловни сили (ПАФ), се истакнува дека единицата за одговор при катастрофи носела основна помош во погодените области.

Портпаролот на филипинската национална полиција, бригадниот генерал Жан Фахардо, изјави дека поради катастрофата се мобилизирани околу 18.000 полицајци.

Фахардо изјави дека доколку се подобрат временските услови, во регионот ќе биде испратен хеликоптер во пребарување и спасување на преживеаните.

На Филипините, каде просечно се случуваат 20 бури и тајфуни секоја година, во тајфунот Хаијан во 2013 година животот ги загубија повеќе од 7.300 луѓе и се случија големи разурнувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се запали куќа во Битола, на терен пожарникарите

Следно

Пелистер го прегази Радовиш 24 часа по поразот од Веспрем

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop