Десет нови случаи на голема кашлица

October 25, 2024
1 min read

Во периодот од 18 до 24 октомври, пријавени се 10 нови случаи на голема кашлица, за 42,9 проценти повеќе во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, три лица се хоспитализирани, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од случаите биле пријавени во Куманово – пет, потоа четири случаи од Скопје и еден случај од Крива Паланка.

Возраста на заболените се движи од два месеца до 70 години. Најголем дел од случаите припаѓаат на возрасната група до четири години.

Кога станува збор за вакциналниот статус на заболените, седуммина биле невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус, две лица вакцинирани согласно возраста и еден случај комплетно вакциниран.

– Заклучно со 24 октомври, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1.148 случаи на голема кашлица, со инциденца од 62,5/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 – 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, појаснуваат од Институтот.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 523 лица се од машки, а 625 од женски пол.

Од вкупниот број на заболени лица, кај 1.139 лица биле регистрирани симптоми, додека болеста кај деветмина била во асимптоматска форма.

Од вкупниот број на регистрирани случаи, 726 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11 години.

Дадени се вкупно 78.096 дози вакцина со компонента против голема кашлица од 18 јануари до 24 октомври.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски со коментар на пораките од Фон дер Лајен: Нашата позиција наидува на разбирање од шефицата на ЕК

Следно

СЗО изгуби контакт со персоналот во болницата „Камал Адван“ во северна Газа по израелскиот напад

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop