Николоски со коментар на пораките од Фон дер Лајен: Нашата позиција наидува на разбирање од шефицата на ЕК

October 25, 2024
1 min read

Формулацијата што ја примени претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при вчерашната посета на земјава, дека уставните измени треба да се разработат отвори дилеми дали е можно сепак да се издејствува тие да имаат одложено дејство, за кое инсистира премиерот Мицкоски. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во Клик плус на ТВ21 гледа отворена можност сепак тоа да се прифати.

-Мислам дека оваа наша позиција наидува на разбирање и со самото тоа што претседателката на Европската комисија фон дер Лајен јасно рече дека треба да се разработат уставните измени, мислам дека многу говори за тоа дека сите се свесни дека Бугарија не може на тој начин да условува. Но повторно топката е кај нив доколку стратешки Европската унија се одлучи дека Македонија и треба како членка и јас сум убеден дека проблемот со Бугарија многу брзо ќе се реши, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Министерот за здравство Арбен Таравари, дел од коалицијата ВРЕДИ, кој веќе неколку пати повтори дека е убеден дека уставните измени ќе се случат до крајот на годинава, во интервју за Телма вели дека фон дер Лајен упатила многу јасни пораки за членство на Македонија во Европската унија и тој е оптимист дека сепак до декември ќе се најде решение.

-После изборите во Бугарија, се надевам и после 5 ноември изборите во Соединетите Американски Држави јас мислам дека ќе се изнајде решение, јас сум огромен оптимист дека ќе се изнајде некакво решение кое што ќе биде излез на Македонија од овој ќор-сокак во кој што сме и јас се надевам дека декември ние полека, полека ќе ги почнеме можеби и уставните промени и ќе ги започнеме преговорите со Европската унија, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Според министерот за евроинтеграции и прв преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани уставните измени остануваат, но неодбивањето на Фон дер Лајен на предлогот, значи дека има простор за потенцијално решение.

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен иако не одговори прецизно дали се можни уставни измени со одложено дејство, уверуваше дека Европската унија останува кон заложбите за членство на земјава во Унијата.

-Уставните измени треба да се разработат, за мене тоа е многу важно и секако е во интерес на Северна Македонија, да биде успешна и затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој чекор од патот за да стигнеме до заедничката цел, изјави претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

Во истовреме порака стигна и од шефот на Европскиот совет Шарл Мишел кој во интервју за Европската новинска агенција изјави дека не смее да се дозволи Балканот да западнат во сива зона. Тој повтори дека потребно е спроведување на реформите, но и решавање на споровите. Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, потребно е да се разрешат бидејќи тие претставуваат пречка за постигнување напредок, рече Мишел.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема информации за исходот на средбата на Сиљановска со членовите на Комисијата за помилување

Следно

Десет нови случаи на голема кашлица

Latest from Blog

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,
Go toTop